Договорот меѓу Владата и ЕВН е на штета на граѓаните


29.07.2010 | 23:53:13 | Прес Конференции


Договорот меѓу Владата и ЕВН е на штета на граѓаните

Изјава, Народно движење за Македонија Јанко Бачев, Претседател на НДМ Скопје, 29 јули 2010

Почитувани,

На вчерашната прес конференција на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Фатмир Бесими и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Гинтер Офнер, ни беше соопштено дека дошло до помирување помеѓу Владата и ЕВН.

Меѓутоа, денеска сакам да им соопштам на граѓаните дека во планот од осум точки за постигнување решение за сите спорни прашања меѓу владата и ЕВН, една од точките својствена за време на дивиот капитализам предвидува да продолжи скандалозниот грабеж на граѓаните и фирмите со сметките за струја од страна на империјалистичкото ЕВН во содејство со домашните јаничари.

Изјава на Бачев за ТВ Сонце

Изјава на Бачев за ТВ Сител

Имено, овој таен дел од договорот меѓу владата и ЕВН што не беше презентиран во јавноста, предвидува да продолжи плаќањето на износот од 33,33 отсто во сметките за струја за ангажирана моќност, иако оваа јавна давачка нема основа во Законот за енергетика, а иако е незаконска оваа јавна давачка дури е укината со одлука на Регулаторната комисија.

Скандалозен е податокот дека паднал договор сите - ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО да крадат од граѓаните и притоа украденото сложно да го делат меѓу себе од наплатените 33 отсто за ангажирана моќност, што секој месец им носи околу десет милиони евра украдени пари од граѓаните. 

Бидејќи прашањето со цената за струја е многу чуствително прашање кое може да ја оптерети македонската реалност, се наметнуваат следните прашања за министрите Пешевски и Бесими: Дали можат да посочат барем една земја во Европската Унија во која со сметките за струја се наплаќа 33,33 отсто за ангажирана моќност? Дали во Австрија од каде доаѓа империјалистичкото ЕВН се наплаќа 33,33 отсто со сметките за струја? Дали можат да посочат една правна држава во која се наплаќа јавна давачка од 33,33 отсто а притоа да не биде утврдена со законски пропис? Зошто македонските граѓани иако се едни со најнизок стандард, имаат плаќаат најспака струја? Пред 25 дена на прес конференција говоревме за овој скандал и притоа презентиравме одлуки на Регулаторната комисија за енергетика од кои се гледа дека не постои обврска за плаќање на надоместок од 33,33, отсто во сметките за струја на име на т.н зголемена моќност. Тогаш ја повикавме владата до крајот на летните одмори да го спречи овој грабеж на граѓаните, бидејќи во спротивно НДМ ќе повика на граѓанска непослушност – граѓаните да не го плаќааат надоместокот од 33,33 отсто во сметките за струја! Но, наместо одговор во интерес на граѓаните, следеше вчерашниот договор меѓу Владата и ЕВН за понатамошно крадење на граѓаните и фирмите со сметките за струја, заради што, веднаш по летните одмори НДМ ќе повика на граѓанска непослушност– граѓаните да не плаќаат со сметките за струја 33,33 отсто. Истовремено, ке ги разгледаме механизмите како да се справиме со домашните јаничари кои учествуваат во бескруполозниот грабеж на сопствените граѓани!!! Ви благодарам,