Амандманите на Андов за лустрацијата со нејасни мотиви


04.06.2007 | 23:16:08 | Прес Конференции


Амандманите на Андов за лустрацијата со нејасни мотиви

Прес конференција, Народно движење за Македонија Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, хотел Турист, понеделник, 4 јуни 2007

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција на Народно движење за Македонија е драматичниот негативен пресврт во постапката за донесување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, или попознат како процес на лустрација.

Имено, како што е познато деновиве пратеникот Стојан Андов поднесе 14 амандмани на неговиот предлог закон за лустрација.

НДМ изгради партиски став за секој амандман поединечно, но она што предизвика особен револт кај нас и за што денеска сакаме да испратиме политичка порака до јавноста е првиот и најсуштетсвен амандман со кој практично се амнестираат соработниците на тајните служби во последните седум години односно поточно после 5 јули 2007 година.

За НДМ ова е скандалозен амандман кој ја урива целокупната суштина на законот и самиот процес на лустрација.

Изненадно и не оставајќи простор за јавна расправа и дебата од експертската и поширока јавност, предлагачот на препад не става пред свршен чин нас граѓаните и законодавниот дом тоа на мошне сомнителен начин и со нејасни мотиви.

Факт е дека деновиве и поголемите политички партии покрај искажаната вчудоневиденост,останаа без одговор зошто се менува законот и преку ноќ се предлага вакво решение.

Бидејќи остана ова прашање неодговорено пред македонската јавност Народно движење за Македонија без калкулации ќе се обиде да и каже на македонската јавност.

НДМ смета дека има неколку причини за ова ретерирање на предлагачот на законот.

Прво се работи за упад на лица кои направиле работни и политички кариери врз основа на соработка со тајните служби и достигнале високи функции во актуелната влада претежно од позиција на т.н.експерти какои во други институции на разни нивоа;

Второ сигурно се сеќавате дека во периодот септември-ноември 2000 имаше обид да се направи т.н. ново парламентарно мнозинство. Притоа во игра беа многу пари и многу луѓе како и вработени во УБК и нивни бројни соработници од кои некој сега  се истакнати функционери во сегашната влада и други институции на пониски нивоа;

Трето аферата т.н.големо уво. Сигурно ќе се запрашате што има прислушувањето со лустрацијата но НДМ тврди дека прислушувани се лица кои се селктирани по претходна оперативна обработка преку соработници на тајните служби.

Четврто периодот на т.н војна во 2001 и тука поврзаноста со лустрацијата ја гледаме преку два аспекта. Првиот преку нашироко меѓупартиско следење и оперативно покривање преку за таа намена изградена кодошка мрежа на политичките противници за да се обвини другата страна и вториот аспект тајните соработници влетаа во соработка со одредени странски РС преку доставување на досиеја од министри во тогашната влада.

Петтата причина за ваквото однесување на предлагачот ја гледаме во извршениот притисок од странски РС за да не се компромитира нивното валкано учество во војната во 2001 на страната на ОНА.

Имајќи го предвид изнесеното и ако се зема периодот од предлог законот дека ќе важи од 2 август 1994 тогаш етички морално е сите ние овде да се запрашаме како може да се амнестираат кодошите на тајните служби во последните седум години од кои некои и денеска се на врвни функции во владата и пониските нивоа и кои како резултат на кодошењето и напредувале а од друга страна да ги лустрираме лицата од 1944 кои се умрени или во длабока страост као пензионери па сега да ги вознемируваме нивните втрои и трети поколенија.

Но што е поопасно или покорисно да лустрираме старци, да им судиме на нивните внуци, или луѓето кои на кодошење денес вршат државни функции. Ако се усвои овој амандман а најверојатно и ќе помине со оглед на распоредот на силите во парламентот тогаш ќе бидеме сведоци на обична лакрдија и гротеска од лустрација. Па ви се молам за сериски убијци после 30 години застаруваат делата а која е смислата после 50 години да му судиме на едно време а притоа да ги амнестираме кодошите во последните 7 години кои дури на кодошењето денес вршат највисоки функции.

Јас сум а лустрација но не селективна, перверзна и антицивилизаторска.

Впрочем господа нели е овој закон за исправање неправди од минатото или пак сега ќе продуцираме нова неправда со амнестирање на постојни кодоши кои очигледно ниту господ неможе да ги спречи и што ли уште можат да направат.

Предлагачот ги амнетира без постапка и сега што ќе правиме со оглед на силите во парламентот една ваква глупост ќе помине со далекусежни последици по развојот на ддемократијата.

Очекувам од вас како дел од јавната совест не само да пренесете акценти од пресот туку да извршите и притисок да не се случи опструкција ма законот.

Имаме уште неколку забелешки на законот кои не би ги елаборирал сега но истите се содржани во метеријалот што е поднесен до парламентот и од кој фотокопија ќе добиете по пресот, но ќе го задржам вашето внимание уште само на една забелешка. Се работи за тоа што сметаме дека после УБК, СБК и АР да влезат и соработниците на т.н.СИД-шпионски дел на поранешниот ССНР на СФРЈ од каде пак ќе се видат соработниците на тајните служби од редот на амбасадорите и дипломатскиот персонал од поранешна СФРЈ. НДМ смета дека неможат да се иземат и овие категории од законот.

Навистина не предвидовме прашања но ви ја препорачувам вистинската адреса за дообјасување. Тоа е личноста што беше вклучена во дебатата со јасни и остри ставови и го делам вашето љубопитство да го прашате што мисли сега за овие опструкции на законот за кој свевремено беше и нграден со хонорар од десетина илјади евра.

НДМ е уверено дека зад оваа измена законот да важи до 2000 година не стои ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Ви благодарам,