НДМ ќе учествува на митингот на Здружената коалиција


04.09.2005 | 23:05:56 | Прес Конференции


НДМ ќе учествува на митингот на Здружената коалиција

Прес конференција, НДМ Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, хотел Турист, недела, 4 септември 2005

Народно движење за Македонија на редовната седница на Претседателството на партијата одржана на 31 август (среда), донесе одлука за прифаќање на заклучоците усвоени на координативниот состанок на партиите од здружената коалиција одржан на 29 август (понеделник), и  во оваа прилика ја известуваме јавноста дека НДМ ќе земе активно учество на претстојниот митинг на 15 септември во Скопје.

НДМ во оваа прилика изразува посебно задоволство од фактот што има доволен капацитет на организационен, кадровски, финансиски, технички план и слично, целосно да го исполни својот дел од превземените обврски дефинирани на наведениот состанок на опозициската коалиција.

НДМ при носењето на одлуката активно да учество на претстојниот митинг се раководеше од два битни моменти: 1. јавно да се укаже на крајно бесрамното и перфидно лажење на македонските граѓани од страна на владеачкиот СДСМ, кога на 15 септември 2002 ветија дека со својата програма пишувана од преку 200 доктори на науки ќе направат вистински позитивен препород во државата, за да денеска три години по нивното владеење сме сведоци на комплетен хаос во државата на безбедносен, политички, економски, социјален, културен, образовен, спортски, еколошки и севкупен план воопшто, и 2. да ја изразиме големата иронија и навреда на македонскиот народ, како и нашата длабока осуда и огорченост од фактот што во моментот највисоките извршни и безбедносни функции се раководени од кадри на СДСМ кои за време на војната во 2001, на најперверзен начин беа инволвирани во режираните сценарија за местење и гинење на македонски бранители, а водени единствено од лични и теснопартиски интереси и желбата за лична промоција, моќ и профит.

НДМ во оваа прилика упатува јавен повик и покана до сите македонските граѓани да дојдат на 15 септември на митингот на здружената коалиција “За подобра Македонија”, и сите зедно да упатиме јавна порака до оваа ненародна власт да отпочне со припрема за заминување од владејачката позиција на македонската политичка сцена.

Ви благодарам,