Вранишковски е грчко-српски шпион


01.01.2004 | 22:57:08 | Прес Конференции


Вранишковски е грчко-српски шпион

Прес конференција, Народно движење за Македонија Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, петок, 16 јануари 2004

Почитувани,

Народно движење за Македонија, политичка партија од понов датум (основана во мај 2002 година), своето политичко дејствување за време на парламентарните избори во 2002 година го темелеше на два основни принципа: да им ја кажеме вистината на граѓаните за тоа кој и како ја крадеше, лажеше и растураше државата, и промоција на конкретни решенија за излез од неповолната ситуација.

Согласно првиот принцип, уште на почетокот на предизборната кампања во август 2002 година, јавно проговоривме и аргументирано докажувавме дека:

 - македонската власт има сценарио за растурање на македонската држава, кое треба да финишира во текот на 2005 година;

- како најголем дел од македонските патриоти и бранители кои загинаа во воениот конфликт ( карпалак, вејце, арачиново и слично) беа “местени” од македонската Влада;

- паравоените албански структури не се криминални организации, туку терористички формации со познати извори и канали на финансирање и вооружување, командната структура и слично;

 - технологијата, наредбодавците, начинот и слични информации во врска со убиството на еден дел од киднапираните македонци;

 - спорот во врска со Македонската православна црква не е класично црковно прашање, како што не убедуваше официјалната власт, туку смислено сценарио кое посегнува по националниот и државотворен идентитет на македонскиот народ.

Но, наместо водење државнички работи, македонската власт со смислени конструкции се обиде да ја пасивизира НДМ, за што бевме принудени по судски пат да ја одбраниме партијата, и по речиси едногодишно судско расправање, со решение рег. бр. 118 на Основен суд Скопје 1, позитивно ја окончавме постапката, но, за жал, судската постапка покажа дека во овој обид за дискредитација на НДМ, биле вклучени и вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. Политичкиот анахронизам за пресметка со политичките неистомисленици, сеуште функционира на македонската полтичка сцена. Наивно сме верувале дека МВР се грижи за безбедноста и сигурноста на граѓаните. Па, кој ќе ги следи тогаш обичните граѓани, политички партии, новинари и слично.

Имајќи го во предвид фундаменталното значење на овој т.н. црковен спор во однос на натамошното опстојување на македонската држава, НДМ  и овој пат изразува огромна загриженост и длабок протест од однесувањето на надлежните државни субјекти. Сведоци сме на некаква вербална подршка на МПЦ од надлежните субјекти, наместо суштинско разрешување на проблемот кој се повеЌе за наша несреќа се движи кон реализација на својата цел, односно, успешно завршување на овој елемент од “проектот” наречен растурање на македонската држава,  кој пак претставува компилат од повеќе елементи.

Овој “црковен процес” е инспириран, организиран и контролиран од световни структури, кои го туркаат сценариото, а поранешниот владика Јован е т.н. оперативна фаза на овој процес, кој треба успешно да ја изгира улогата на теренот, и се до овој момент брилијатно го прави истото. Јован Вранишковски е на директна оперативна врска на српската и грчката разузнавачка служба кои координирано во позадина ги насочуваат случувањата кои деновиве се ударна тема во македонската јавност. Овој т.н. “српски егзарх”, инструкциите за делување најчесто ги добива во региналниот центар на српската разузнавачка служва во Ниш, подцентарот во Врање и од еден познат грчки шпион, кој како агент-резидент во РМ ја контролира целокупната грчка разузнавачка мрежа во Македонија, а толку успешно и длабоко е инфилтриран, што држи на оперативна врска и највисоки македонски раководители како од поранешната така и од актуелната власт. Иронијата да биде поголема, дури  се стекна и со македонско државјанство. Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР на РМ во заведеното оперативно досие Л.Д.Н. за Јован, има собрано солиден оперативен и судски материјал, од  повеќегодишниот оперативен третман на Јован, со примена на оперативно-техничките средства и методи 9-К, 9-Е и 9-В, со што се потврдуват шпионските активности на ова лице. На истиот му се отворени банкарски сметки во три грчки банки од каде непречено ги финансира своите активности. Без оглед на фактот што речиси сите негови шпионски актиовности кон наведените странски разузнавачки служби се документирани, отсуствува ефективна акција од надлежните органи на прогонот во РМ.

 Значи ние како НДМ бараме, и спремни сме да партиципираме како сведоци во евентуалниот процес:

- лицето Зоран Вранишковски веднаш да биде обвинет за шпионажа, и се престане со калкулантското и погубно однесување на надлежните органи, односно се покаже неопходниот патриотизам и храброст во одбарана на државата ( РМ е единствената држава од посткомунистичките држави која нема поведено постапка за шпионажа, а во нашата држава “врие” од  разузнавачки активности).

 -Македонската православна црква да престане со досегашната примена на т.н. тактика на кооперативно однесување-разумно отворање во овој процес и нудење компромиси, затоа што ваквата тактика води помалку грижа за резултатот отколку за самиот процес, и примени тактика на т.н. високо екстремно отворање затоа што колку повеЌе предлозите изгледаат екстремни толку повеЌе се поголеми изгледите дека тоа што навистина се сака да се сочува и постигне Ќе се смета на крајот за компромис. Во овој контекст. мора веднаш да се излезе со соодветен екстремен елемент, налик на почетните позиции кои во моментот ги застапува условно кажано српската страна.

Доколку МПЦ и понатаму спроведува дефанзивна и екстремно кооперативна тактика, која за жал, во ови тринаесетина години редовно ја применуваше и официјалната световна власт при “разрешување” на клучните државни проблеми -име, знаме, преговори за рамковен договор, многу бргу ќе имаме поразителна ситуација. ќе имаме ситуација слична како за време на воениот конфликт, кога групата терористи од Танушевци, најпрвин стигнаа од Куманово до Гостивар, по што се стекнаа со статус на  востаници, и согласно меЃународното право де факто станаа преговарачи. Војната се изгуби на дипломатски, воен, и политички план, но не како што  не убедуваат по вина на меѓународниот фактор кој несомнено игра одредена улога, туку поразот е резултат првенствено на страотно направените стратешки промашувања од страна на домашниот фактор, но, за ова во друга пригода.

НДМ се залага и апелира за соодветна државничка акција, со цел пресекување во корен на овие антимакедонски активности, во спротивно неизбежна е опасноста паралелната т.н. охридска архиепископија да стане реалност со репрезентативна бројка на верници, по што неизбежна ќе биде т.н. зелена преговарачка маса, и очекуваниот притисок од мошне влијателните светски организации за “човекови права” кои несомнено се најдобриот човечки изум преку кој денеска се остварува посакуваната контрола врз состојбите на меЃународната политичка сцена.

Ви благодарам,