Бачев достави до Груевски и Заев Меморандум за Македонија


04.01.2017 | 18:54:33 | Прес Конференции


Бачев достави до Груевски и Заев Меморандум за Македонија

Изјава, Народно движење за Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 4 јануари 2017

Народно движење за Македонија во пресрет на формирањето на новата влада, денес, среда, 4 јануари 2017, им достави лично на Никола Груевски и Зоран Заев Меморандум за Македонија со кој се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата.

Во Изјава за медиумите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев истакна: „- Народно движење за Македонија како партија која во основа се бори за виталните национални и државни интереси во пресрет на преговорите за состав на новата влада денес до Никола Груевски и Зоран Заев доставивме Меморандум за Македонија. Меморандумот всушност е национална платформа, своевидни црвени линии, од кои треба да се раководат македонските политичари. Во 25-годишната историја Македонија повторно е исправена пред големата опасност-рушење на државата, дотолку повеќе, сведоци сме на заговарање на концепти од Албанците за редефинирање на уставно-правниот поредок. Оттука, со овие десет заложби во Меморандумот за Македонија не е претерано ако кажам дека се обезбедува опстанокот и просперитетот на народот и државата. И не гледам ниту една причина зошто овие заложби да не бидат прифатени во пресрет на составот на нова влада. Во овие десет заложби од Меморандумот не смее никој да чепка без оглед кој победува на избори или ќе составува влада, а за се друго кој каква каква земјоделска, даночна, младинска, еколошка, спортска, културна... политика ќе води, слободно нека се расправаат Груевски и Заев, ама обезбедете го опстанокот на земјата. Не случајно изјавата ја давам пред споменикот на АСНОМ, нека се огледаат на нашите претходници кои со сопствената крв ја натопиле слободата и ја создале оваа држава, народски кажано ни ја подариле на тацна, и затоа никој нема право од оваа генерација Македонци да ја разнебитува. Оттука, очекувам Груевски и Заев како најодговорни за состојбите во државата да го усвојат Меморандумот за Македонија и да покажат државнички капацитет и одговорно лидерство и најпосле да го израдуваат народот со домашно единство како најсилна брана против секоја закана. Народно движење за Македонија и македонскиот народ секое отстапување од овие десет заложби содржани во Меморандумот За Македонија ќе го сметаат за национално предавство во Македонија - рече Бачев.

Медиуми МТВ [после 16м:10с.]  А1 он Плусинфо Тајм Грид Вести Македонија медиа сервис Пинг Подгорци инфо сервис НДМ Јутуб Канал

Интегрален текст од Меморандумот за Македонија