Сопартијците на Бачев со извици „Русија, Русија“ ги пречекаа Александар Дугин и Леонид Савин


03.03.2018 | 07:14:02 | Прес Конференции


Сопартијците на Бачев со извици „Русија, Русија“ ги пречекаа Александар Дугин и Леонид Савин

Единствена Македонија, денес, сабота, 3 март 2018 организираше панел дискусија на тема: „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“.

Говорници на панел дискусијата беа проф. Александар Дугин, проф. Леонид Савин, проф. Јанко Бачев и проф. Стефан Влахов Мицов.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1250&v=mI4LqMKxSTc

Во преполната сала, високите гости од Русија јасно ја изразија подршката на Русија за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, заштита на вековното македонско име, а прашањето за влегувањето во НАТО, ЕУ или стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија треба да биде слободен избор и ваше право. Република Македонија е ваше име, тоа е вашиот идентитет и никој нема право да ве притиска да го промените вашето име, јасно порачаа двајцата советници на Путин. Во оваа насока, Дугин и Савин уште рекоа дека политичката судбина на еден народ треба да ја решава самиот народ и Русија верува дека најголем принцип е принципот на суверенитет.

Претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, проф. Јанко Бачев и проф. Стефан Влахов Мицов, истакнаа дека новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја спроведе јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во државата за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија. Панел дискусијата предизвика голем интерес кај присутните кои поставија голем број прашања до говорниците на панел дискусијата.

alt

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 3 март 2018

Медиуми:

ТВ Сител

ТВ Канал 5

ТВ 21

ТВ 21 (интервју)

Макфакс

Радио Слободна Европа

Глас на Америка

Дојче Веле

Призма

Локално

Инфомакс

Инфо новости

Коложег

Фокус (коментар)

А1 он

Точка

Радио слободна Европа

Прес 24

Македонски медиа сервис

Скај

МКД

Плусинфо

Либертас

Пинг

Мактел

Вечер

Фактор

Кајгана

Макфакс

Локално

Точка

А1 он

Вечер

Фокус

Нетпрес

Прес 24

Скај

Нова ТВ

Инфоцентар

Весник нет

Актуелно 24

Радио Слободна Европа

Грид

Вести

Тајм