Шилегов не постапува по правосилен документ за рушење на најголемата џамија-дивоградба


24.02.2018 | 19:17:13 | Прес Конференции


Шилегов не постапува по правосилен документ за рушење на најголемата џамија-дивоградба

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, 24 февруари 2018

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е непостапувањето на Петре Шилегов во врска со најголемата и најскапата џамија која самата по себе е уникатна како единствена со две минариња.

Оваа џамија е изградена на атрактивна локација до самиот автопат на излезот од Скопје спрема Тетово, а за која според потврдените сознанија на македонската тајна полиција за нејзината изградба се донирани најмногу средства за џамиите во Македонија од една исламска држава.

Меѓутоа, оваа џамија е дивоградба што е потврдено од најкомпетентно место - решение од градскиот инспекторат, број УП.бр.19-108/3 кое е извршно и се допушта негово извршување.

Врз основа на ова решение Инспекторатот на Град Скопје има донесено Заклучок број 19-108/4 за дозвола за извршување во кој стои, цитирам: Се налага на Исламска верска заедница ВЕДНАШ сам го урне верскиот објект-џамија, бидејќи е изграден спротивно на просторниот и урбанистичкиот план. Доколку ИВЗ не постапи по овој заклучок, извршувањето ќе се спроведе по присилен пат од страна на градскиот инспекторат.

Значи, од правен аспект работите се јасни и недвосмислени. Не е спорно дека постои џамија-дивоградба, не е спорно дека има правосилен и извршен правен акт за нејзино отстранување.

Меѓутоа, реалноста е поинаква. До денешен ден овој правосилен и извршен документ стои закочен во фиоката и на новиот градоначалник Петре Шилегов, и не се спроведува.

Вчера од СДСМ бомбастично соопштија дека отстранувањето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Ќосето значело крај за дивоградбите во Скопје.

Меѓутоа, Петре Шилегов не постапува согласно своите законски надлежности и не ја отстранува џамијата-дивоградба.

Значи, уште една голема лага на владата на Зоран Заев.

Почитувани присутни,

Законите мора да важат за сите во државата.

Новата легална власт ќе ги разгледа можностите за правна законска одговорност за сите случаи во изминатите 27 години за своеволно и незаконско поставување на објекти поврзани со албанското малцинство во државата.

Оваа катастрофа што ја предизвикаа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 27 години, законите да важата за сите, но не и за албанците, мора да престане.

Ви благодарам,

Медиуми:

ТВ Канал 5

ТВ Сител

ТВ 21

ТВ Алфа

ТВ 24 Вести

Макфакс

Вечер

А1 он

Фокус

МКД

Точка

Скај

Весник нет

Македонски медиа сервис

Пинг

Тајм

Грид

Вести

Канал Јутуб