Покрај Евреите, холокаустот во Беломорска Македонија никогаш нема да биде заборавен


13.03.2018 | 19:08:36 | Прес Конференции


Покрај Евреите, холокаустот во Беломорска Македонија никогаш нема да биде заборавен

Прес конференција, Единствена Македонија проф. д-р Вангел Симев, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија Скопје, 13 март 2018

Почитувани,

Вчера, под покровителство на Зоран Заев беше одбележана 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна.

Единствена Македонија и македонскиот народ сочуствуваат со трагедијата на депортираните 11.400 македонски Евреи од трите делови на Македонија, впрочем како и со трагедиите на другите народи.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=vJMvwseTW44

Меѓутоа, голема срамота за една нација е да не си ја знае својата поблиска историја, која низ годините наназад се прикривала. Вината може да се лоцира во погрешно водената политика и во системот на образованието.

Во оваа, 2018 година се навршуваат точно 70 години од големиот прогон на македонските деца - прогонети од Беломорска Македонија од грчката монархистичко-фашистичка власт.

Должност на Македонија како држава е да се грижи покрај холокаустот на македонските Евреи и за холокаустот на Македонците од Беломорска Македонија. Со одбележувaњето на овој ден постојано ќе се потсетуваме дека околу 32.000 македонски деца на возраст од 2 до 14 год. и околу 100.000 возрасни за секогаш се прогонети од своите вековни огништа. Потсетувањето е можност да не заборавиме за тоа што ни се случило, за да не ни се повторуваат грешките.

Кога го спомнувам геноцидот на прогонетите деца од 1948 година, неможам а да не кажам дека и јас сум дел од тој прогон. Како дете на 4 годишна возраст со моите родители бевме принудени гладни, неспани и истоштени да бегаме од непријателските бомбардирања со авиони и топови. Грчкиот бес беше премногу суров и вршеше масовни убиства, до темел ги уништуваше и палеше нашите македонски куќи, се со цел бркања од вековните огништа на голоракото македонско население. Бегањето беше во вечерните часови, преку планинските врвови и шуми на Баба планина за да не бидеме забележани од непријателот. Покрај се, јас бев меѓу најсреќните деца од мојата генерација на Беломорска Македонија, затоа што растев со своите родители, а многу деца таа среќа ја немаа. Многу родители на прогонетите деца не успеаа повторно да си ги видат своите огништа, а многу од нив порачуваа грутка земја да им се донесе од родниот крај за да ја намалта болката и тагата за својот роден крај.

Затоа, Единствена Македонија иницира до македонската влада официјално чествување на прогонот на децата-бегалци како еден од најтажните настани во поновата македонска историја.

Таканаречената граѓанска војна имаше геополитичка стратешка цел за трајно искоренување и етничко чистење на Македоците од вековните огништа. Таквата стратегиска цел беше спроведувана од вооружените сили на грчката влада подржувана од страна на Велика Британија и САД.

Грците по Балканските војни ќе го искажат нивниот вечен став кој гласи: каде сме ние нема место за други. Ваквиот грчки став кон македонскиот народ се спроведува повеќе од 100 години. Започнатата политика на Грција има за цел, систематско уништување на македонските корени, бришење на македонското име, идентитет и јазик. Ова година е наијзразена и најагресива со благослов на "нашиот стратешки партнер ЕУ и САД".

Разликата меѓу холокаустот на Еврејскиот народ и Македонскиот народ е во тоа што Еврејскиот е завршен пред 75 години, а Македонскиот се уште трае. Во Македонија холокаустот ќе заврши откако ќе се обезличи Македонија со менување на нејзиното многуилјадитното име, идентитетот и јазик.

Единствена Македонија има стратешки план како сето тоа да се спречи!

Ви благодарам,

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Вечер

Пинг

Македонски медиа сревис

Весник нет

Тајм

Дејли

Грид

Вести