Катица Јанева го крие кривичниот предмет за фалсификуваниот попис во 2002 година


24.03.2018 | 19:02:08 | Прес Конференции


Катица Јанева го крие кривичниот предмет за фалсификуваниот попис во 2002 година

Прес конференција, Единствена Македонија
проф. д-р Стефан Влахов Мицов, заменик претседател на Единствена Македонија
Скопје, 24 март 2018

Почитувани,

Пред три дена, Специјалната обвинителка Катица Јанева најави обвинение против Никола Груевски и Али Ахмети за кривично дело со кое го оштетиле државниот буџет за три милиони евра во врска со прекинатиот попис во 2011 година.

Меѓутоа, Катица Јанева го крие клучниот кривичен предмет за фалсификуваниот попис во 2002 година со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.

Оттука и прашањето, како е можно едно кривично дело, па макар биле потрошени и три милиони евра, да биде повредно за Катица Јанева од фалсификуваниот попис во 2002 со кој беа осакатени Македонија и Македонците.

Да потсетам, Народно движење за Македонија како правен претходник на Единствена Македонија, на 24 септември 2009, до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за фалсификување на пописот во 2002, меѓутоа, кривичната пријава остана закочена во обвинителските фиоки на тогашниот државен обвинител Марко Зврлевски.

Затоа, на 12 декември 2015 година до Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева поднесовме предлог за преземање на кривичниот предмет за фалсфикуваниот попис од 2002 од Јавното обвинителство на Зврлевски.

Ова е документот за преземање на кривичниот предмет од Специјалното обвинителство.

Се работи за доста содржајна кривична пријава поткрепена со факти и докази кои побудуваат сериозно сомнение дека носители на највисоки јавни и државни функции во тоа време преземале активности за да влијаат при извршеното пребројување на прашалниците од страна на 160 лица кои во тоа време биле подготвени за кодирање и обработка на податоците со намера невистинито да прикажат дека бројноста на албанското малцинство во државата изнесува 25,17% со цел да ги задоволи потребите на Рамковниот договор кој предвидува албанската заедница да ги добие правата ако учествува со над 20 отсто од населението.

Фрапантни се ознанијата до кои дојдовме при прибирањето на доказите, според кои, произлегува дека албанското малцинство во земјата е околу 14% отсто, и како е изведена оваа фалсификувана статистичка операција со извонредно разработената криминална технологија од фазата на попишување и собирање податоци на теренот па се до влезот на податоците во компјутерскиот систем од аналогна во електронска форма.

За Единствена Македонија нема дилема. Расчистувањето со фалсификуваниот попис од 2002 е прашање од највисок национален и државен интерес за Македонија и Македонците.

Фалсификуваниот попис во 2002 е случај над сите случаи и е неспоредлив по свето значење со сите предмети на Специјалното обвинителство. Оттука и прашањето, зошто Катица Јанева молчи и го крие предметот за фалсификуваниот попис од 2002?

Ја користиме приликата да ја повикаме специјалната обвинителка веднаш да постапи во случајот со фалсификуваниот попис во 2002 како прашање од највисок национален и државен интерес.

Во спротивно, за Единствена Македонија се потврдува сомнежот дека одлуките на Специјалното обвинителство се пишуваат на друга адреса, поточно, во американската амбасада во Скопје.

Во ситуација на фалсификуван попис во 2002, и во ситуација кога радикалните албанци агресивно продолжуваат со нови барања кои се разоткриваат како нивна позиција како во федерална држава, Македонија мора да го анулира резултатот од пописот во 2002 година.

Новата влада на Единствена Македонија ќе расчисти не само со фалсификуваниот попис во 2002 година, туку и со самото неуставно и нелегитимно специјално обвинителство и сите незаконски и антимакедонски акти.

Сите од владеачката коалиција „Погреб за Македонија„ составена од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ кои учествувале или правеле злоупотреби со фалсификуваниот попис во 2002, ќе одговараат пред македонскиот народ и донесените од него закони во Република Македонија.

Ви благодарам,

Медиуми:

ТВ Сител

ТВ 21

Макфакс

Прес 24

А1 он

Фокус

Точка

Вечер

Поглед

Пинг

Македонски медиа сервис

Грид

Вести

Дејли