Македонскиот бугараш Никола Димитров со тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа


27.03.2018 | 18:58:44 | Прес Конференции


Македонскиот бугараш Никола Димитров со тешка провокација спрема Русија на антимакедонска основа

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, 27 март 2018

Почитувани,

Македонскиот бугараш Никола Димитров, во моментот министер за надворешни работи, вчера длабоко го вознемири македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија со неговата антимакедонска и антидржавна одлука за протерување на дипломат на Руската Федерација во Република Македонија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=a1DENRkDcxk

Дури, македонскиот бугараш Димитров се обиде невешто да ја навреди интелегенцијата на народот, кажувајќи дека неговата одлука е заради заштита на безбедноста на Македонија од хемиско оружје, повикувајќи се на Виенската конвенција за дипломатски односи.

Меѓутоа, очигледно македонскиот бугараш Димитров го изгубил компасот, бидејќи, безбедноста на Македонија навистина е загрозена од хемиско оружје, но, не од Русија, туку од друга адреса, поточно, од бомбите со ураниум кои НАТО ги фрлаше при злосторничката агресија врз СР Југославија, а чии последици ги трпиме до денешно време со големиот број заболувања токму како резултат на ураниумот содржан во бомбите на НАТО.

Ваква одлука на македонскиот бугараш Димитров е преседан и во меѓународните односи и во науката, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси.

Имено, Македонија протерува дипломат на Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, името и идентитетот на македонскиот народ, рускиот претседател Путин на отворена сцена рече дека писменоста доаѓа од македонската земја, а од друга страна, Македонија се солидаризира со Велика Британија која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија, која сега се залага за промена на македонското име и идентитет, редефинирање на Македонија или кантонизација според мапата што британскиот амбасадор Чарлс Гарет му ја покажал на претседателот Иванов на средбата во претседателската резиденција на Водно.

Со еден збор, антимакедонската одлука против Русија е врв на полтронството, меѓутоа, македонскиот бугараш Димитров испуштил од вид дека полтроните секој ги посакува, но, никој не ги цени!

Единствена Македонија и македонскиот народ цврсто го уверуваат рускиот народ дека зад оваа срамна и непријателска одлука спрема Русија, не стои македонскиот народ, туку одлуката е резултат на одродени Македонци во власта со изгубено национално чувство и корумпирани и купени од странски ментори.

Впрочем, нашите руски пријатели добро знаат дека Македонија во моментот е окупирана земја и дека ова е одлука на окупаторот во содејство со домашни јаничари во власта.

Почитувани присутни,

Единствена Македонија ќе победи на наредните регуларни избори и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат.

На крај, ја користам приликата да изразам искрено сочуство до братскиот народ на Русија и до семејствата на загинатите во трагедијата во рускиот град Кемерово каде што во пожар во трговски центар загинаа голем број жители меѓу кои и поголем број деца.

Ви благодарам,

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија Скопје, 27 март 2018

Медиуми:

А1 он

Фокус

Макфакс

Точка

Вечер

Пинг

Македонски медиа сервис

Фактор

Весник

Тајм

Вести

Грид

МТВ

ТВ 21

ТВ Сител

Канал Јутуб