Бачев: Ајде на избори па народот нека одлучи дали е за НАТО и ЕУ или за Русија и ЕЕУ


18.04.2018 | 00:24:31 | Прес Конференции


Бачев: Ајде на избори па народот нека одлучи дали е за НАТО и ЕУ или за Русија и ЕЕУ

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, 18 април 2018

Почитувани,

Вчера видовме една голема манипулативна лага од Зоран Заев кој се обиде на Извештајот на Европската комисија да му даде историско значење иако се работи за вообичаена препорака која претставува неизвесен факт и обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните петнаесетина години.

Истовремено, Зоран Заев свесно премолча дека прифаќањето на препораката на Европската комисија од страна на Европскиот Совет претпоставува една претходна постапка на целосно обезличување на Македонците со менување на името и идентитетот на македонскиот народ.

Од друга страна, условно кажано имаме своевиден извештај од Русија која нуди алтернатива за Македонија и останатите држави од Балканот.

Значи, на политичкиот терен во Република Македонија сега имаме кристално чиста ситуација.

Од една страна е партијата „Погреб за Македонија„ која ја сочинуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и кои велат дека Македонија нема алтернатива за НАТО и ЕУ и нивните либерални вредности како што се хомосексуализам, истополови бракови, посвојување на деца од истополови бракови, дрогирана младина, редефинирање на државното уредување, промена на македонското име и идентитет.

Од друга страна е Единствена Македонија која вели дека Македонија има алтернатива што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија кое се темели на традиционализмот, национален и религиски идентитет на нациите, почитување на семејните вредности, почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и унитарноста на Република Македонија, почитување на исконското македонско име и идентитетот на македонскиот народ.

За вака крупно национално и државно прашање за иднината на Македонија и Македонците нема мандат да одлучува ниту еден орган на државната власт. За ваква одлука мандат има единствено македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Затоа, Единствена Македонија бара предвремени парламентарни избори на кои народот ќе каже кој пат ќе го фати Република Македонија.

Во однос на тајмингот, најрационално е предвремени парламентарни избори да има заедно со претседателските избори.

Едната варијанта е со редовни претседателски избори во март догодина да се одржат и предверемените парламентарни избори.

Меѓутоа, многу е веројатно претседателските избори да бидат предвремени бидејќи претседателот Иванов веќе бил при крај со размислувањето да даде помилување за Никола Груевски и неговата група и веднаш да поднесе оставка за да го избегне притисокот од странците како во случајот со аболицијата од пред две години и при давањето на мандатот на Заев кога странски емисари упаѓаа во резиденцијата на Водно и го премислуваа Иванов.

Како и да е, ајде да се соочиме со народот на избори за историската иднина на Република Македонија - членство во НАТО и Европската Унија или стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Медиуми:

Макфакс

А1 он

Вечер

Мактел

Македонски медиа сервис

Скај

Точка

Фокус

Пинг

Тајм

Грид

Дејли

Јутуб Канал Единствена Македонија