Партијата „Погреб за Македонија„ се изживува со личните и семејните трагедии на уставобранителите


27.04.2018 | 00:09:21 | Прес Конференции


Партијата „Погреб за Македонија„ се изживува со личните и семејните трагедии на уставобранителите

Прес конференција, Единствена Македонија Драган Угриновски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија и претседател на МПЗ Тврдокорни Скопје, 27 април 2018

Почитувани,

Морам повторно да кажам за злобата што ја прави партијата ,,Погреб за Македонија,, составена од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, спрема македонските уставобранители.

Се докажа и на дело нашето тврдење за договорот на партијата ,,Погреб за Македонија,, за ослободувањето на одредени притворени од Истражниот затвор „Шутка“, а за возврат враќање во собраниските клупи на пратениците од ДПМНЕ.

Тука е клучот, ДПМНЕ се бори за ослободувањето на нивните функционери, што не е случај со останатите уставобранители како:

Игор Југ , Вили, Горан Ангелов, Илија, Кире, Шиљо, Ацо Тошта, Ченто, Никола, Коста Делов, Андреј Мицов, Кобра, Оливер, Саша Ценков, Николче и други.

За нив нема кој да плати, за нив нема кој да се испазари. Истите се оставени на милост и немилост.

Јавноста мора да знае колку гревови имаат направено и со колку човечки судбини си играат од партијата ,,Погреб за Македонија“. Гревови со толкава злоба, без човечки чувства и емоции.

Јавноста мора да знае дека врз уставобранителите се врши психичка тортура. Мора да се знае за нивните судбини!

Да спомнам неколку вакви случаи за кои власта нема слух:

На еден уставобранител му се раѓа дете, додека е во притвор, сеуште го нема земено во раце.

На друг уставобранител, сопругата има тешко заболување, истата заминува на операција, со ништо не може да и помогне.

На трет уставобранител пред да биде притворен му починува детето, не може да направи помен и неможе да запали свеќа.

И многу други судбини кои се знаат и незнаат а ги имаат уставобранителите!

Прашањето е, што прави за нив партијата ,,Погреб за Македонија“? Повеќе им го загорчува животот на нив и нивните семејства, и покрај трагичните судбини што ги доживуваат.

Дури, им испраќаат нови судски покани за нови измислени кривични дела, само како би се избегнало нивното ослободување.

Судските покани ги праќаат на домашни адреси иако знаат дека лицето се наоѓа во „Шутка“, и на тој начин ги вознемируваат и тревожат семејствата на уставобранителите.

Значи, покрај уставобранителите, страдаат и нивните семејства, кои се изложени на разни тортури, понижувања, уцени и слично.

Семејствата немаат пари да ги платат адвокатските услуги, а истите ги тераат да го продаваат имотот, во спротивно ќе се откажеле од застапување и бранење на уставобранителите.

Оттука прашањето, до каде ќе оди злобата на партијата ,,Погреб за Македонија,, со селективно пуштање. Уставобранителите остануваат во притвор со своите судбини, додека партиските функционери на ДПМНЕ ги вадат од притвор, а од друга страна гледаме се ослободуваат и докажани и осудени криминалци.

Затоа, ја повикуваме партијата ,,Погреб за Македонија,, составена од СДСМ и ДПМНЕ и уценетата од ДУИ,  под итно и безусловно да ги ослободат уставобранителите  и да престанат со нивните задкулисни игри на грбот на уставобранителите.

Да престанат да го лажат македонскиот народ, барем еднаш нека бидат мажи нека ја кажат вистината и да престанат со распродажбата на се што е македонско.

Единствена Македонија ќе отвори посебна жиро сметка за донирање на парични средства за помош на уставобранителите и нивните семејства, каде што нашето членство ке биде активно вклучено со донации.

Медиуми:

А1 он

Мактел

Јутуб Канал