Марионетската власт започна да ја брише државата и државјанството на Македонците


23.05.2018 | 23:32:47 | Прес Конференции


Марионетската власт започна да ја брише државата и државјанството на Македонците

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Стефан Влахов Мицов, заменик претседател на Единствена Македонија Скопје, 23 мај 2018

Почитувани,

Познато е дека државјанството претставува правна поврзаност на едно физичко лице со определена држава.

Марионетската власт во Скопје започна да ја брише државјанска поврзаност на Македонците со својата матична држава Република Македонија.

Поточно, марионетската власт преку Управата за водење на матични книги започна да издава извод на родените во кои, во графата „државјанство„ е избришан зборот Република Македонија.

Колку за илустрација.

Еве како порано изгледаше извод на родени, во кој, како што гледате во графата државјанство стои зборот - Република Македонија.

Еве како изгледа извод на родени, доколку денес извадете извод, во кој, како што гледате во графата државјанство е избришан зборот - Република Македонија, односно, државјанството на Македонците станува непознато и е обележано со црта.

Со бришењето на зборот Република Македонија во графата за државјанство, марионетската власт ја прави безимена и самата држава, а кога немаш именувана држава немаш и именувано државјанство, со што, нелегално и превремено се укинува и самата македонска држава и самото државјанство.

Ова е невиден скандал. Македонците во својата матична држава стануваат апатриди, односно, лица без дефинирано државјанство.

За ова национално злосторство и голем срам врз Македонците кои започнаа во изводот на родени да се обележуваат со црти, мора да има одговорност.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав.

Патем, да кажам дека Единствена Македонија предвидува мерка токму и за државјанството.

Поточно, Единствена Македонија ќе го врати решението од поранешниот закон за државјанство во кој беше пропишана и можноста за одземање на државјанството на лица кои работат против националните и државните интереси.

Со оваа мерка, наместо било која антимакедонска власт да го брише државјанството на Република Македонија, Единствена Македонија ќе ги избрише од регистарот на државјани сите национални предавници во изминатите 27 години со одземање на нивното државјанство.

Веќе гледаме дека законот за двојазичност се применува во државните институции иако не е влезен во правна сила. Сега гледаме нов удар од марионетската власт која го брише терминот „државјанство на Република Македонија„ иако тоа во моментот е спротивно на Уставот и законите.

За Единствена Македонија ова е само очајнички обид на марионетската власт во Скопје да го вознемирува народот, бидејќи Република Македонија до месец јули ниту ќе го промени името, ниту ќе стане членка на НАТО, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, 23 мај 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Република

ТВ Сител

Фаланга

Вечер

Весник

Пинг

Тајм

Дејли

Вести

Грид

Канал јутуб на Единствена Македонија