НАТО е геноцидна организација, Бачев поднесе иницијатива во Собранието со која бара Македонија да не влезе во НАТО


23.01.2018 | 22:06:19 | Прес Конференции


НАТО е геноцидна организација, Бачев поднесе иницијатива во Собранието со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Изјава, Единствена Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, 23 јануари 2018

Единствена Македонија, денес, вторник, 23 јануари 2018 во Собранието поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација - НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993.

Во изјава за медиумите претседателот на Единствена Македонија, д-р Јанко Бачев рече - “Денеска во Собранието поднесовме Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација - НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993. Според собраниското право, претседателот на Собранието треба да ја достави Иницијативата до сите пратеници од кои очекуваме пратеник или пратеничка група да ја процесуира оваа Иницијатива. Го предупредуваме Талат Џафери да не помислува да постапи како нашиот Предлог-закон за амнестија на бранителите кога на три пати ни ги враќаше материјалите поради фуснотата што ја има и оваа наша Иницијатива дека не го признаваме за претседател до уставната оценка за негов избор од Уставниот суд. За денешната Иницијатива да кажам дека Единствена Македонија смета оти на Македонија не и треба членство во НАТО, туку стратешко партнерство со Русија. За единствена Македонија НАТО, прво, е фашизоидна организација која не мисли на ништо друго туку на методите на повторно војување и нова светска војна која би била погубна за човештвото и второ, НАТО е геноцидна организација за Македонците со обидот за промена на нашето вековно име и идентитет. Очекуваме од пратениците, посебно македонските од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат на висината на задачата и да ја усвојат оваа Иницијатива за која е потребно обично мнозинство од вкупниот број пратеници со што го обезбедуваме опстанокот на Македонија и Македонците“ истакна Бачев.

Заменик претседателот на Единствена Македонија, Стефан Влахов Мицов рече: -„ НАТО сака да го искористи македонскиот народ како топовско месо во новата свестка војна оти според пресметките на Пентагон по светската војна тие проценуваат да остане само 4 отсто од човечката популација. САД се спремни да војуваат со Русија до последниот европеец и со Кина до последниот азијат“ истакна Влахов Мицов.

Интегрален текст од Иницијативата до Собранието

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, 23 јануари 2018


Медиуми:

МТВ (после 20м. и 08с.)

А1 он

Макфакс

Фокус

Либертас

Мактел

Македонски медиа сервис

Журнал

Локално

Гласот на Америка

Точка

Пинг

Кајгана

Канал 77

Стандард

Пост

Глобус 

Старт

Либертас

Макфакс

Вечер

Точка

Фокус

Кајгана

Старт

Инпрес

Пост

Актуелно24

Тајм

Грид

Вести

Дејли