Крајот на американскиот хегемонизам и хистеријата за ЕУ и НАТО од Рекет-Цензус соросовите партии


03.09.2019 | 16:48:54 | Колумни


Крајот на американскиот хегемонизам и хистеријата за ЕУ и НАТО од Рекет-Цензус соросовите партии

Веб колумна, вторник, 3 септември 2019, професор Љубе Петревски член на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Струга

Со несмасно изведената операција „Рекет“, хунтата на Заев е на стаклени нозе и диши на жабри, единствениот потпорен столб што ја држи за да не се струполи е пасивноста на фингираната опозиција на ДПМНЕ - Цензус. 

Ако следбениците на раководството на „партијата“ ДПМНЕ - Цензус мислат дека претходно кажаното е од некаков инает, односно, нека стотиците илјади следбеници, кои, поради узурпираните четири свети букви ВМРО, сеуште слепо веруваат во лидерот и раководството на ДПМНЕ - Цензус, нека се запрашаат:

- Зошто кога со аферата „Рекет“ е разголен и самиот врв на хунтата, нивниот лидер наместо повик на масовни протести и нејзино рушење, со партиското раководство одлучи да шета по градови низ Македонија, да кажува како хунтата, кој милува да ја нарекува влада води погрешни политики и да ги замлатува членовите и симпатизерите со наменски монтираниот лажен патриотизам?

-Зошто наместо да се определи за поништување на нелегитимната преспанска спогодба, обетува нешто што реално е неможно „Подобрување на преспанскиот договор“?

-Зошто нивниот лидер и раководство во старт, пред да биде потпишана преспанската спогодба не организиираа масовни протести?

-Зошто по потпишувањето на преспанската спогодба наместо протести пред собранието, лидерот како слепци ги водеше по други градови низ Македонија?

Или, нека се запрашаат:

-Зошто нивната партија „Цензус“ беше потписник на Рамковниот договор со чии уставни промени беше поништен и последниот македонски устав? Нека стотиците слепи следбеници за кој знам дека повеќе од половина не се сложуваат со промената на вековното име и сите последици со таа промена, сеуште се држат за ДПМНЕ како пијани за скапана ограда.

-Зошто нивното ДПМНЕ - Цензус предводено од Никола Груевски му направи цензус на СДСМ - Рекет на претседателските избори кога Бранко Црвенковски беше избран за претседател?

-Зошто нивниот омилен лидер Груевски со шеесет и неколку пратенички мандати потпиша „Паржински договор“ и прифати СЈО?

-Зошто нивното ДПМНЕ - Цензус не се спротивстави на донесувањето на законот за двојазичност и законот за територијалната поделба?

-Зошто нивното ДПМНЕ - Цензус предводено од наместениот лидер Мицкоски со Сорос кандидатката Гоца му направи цензус на СДСМ - Рекет за избор на Пендаровски за „Претседател“?

-Зошто во програмата на ДПМНЕ - Цензус сеуште фигурира погубната и безсмислена заложба за членство во ЕУ и НАТО, организациите под чија присила беше сменето вековното име и беа направени сите досегашни велепредавства?

Постојат и други „Зошто“, но тука со нив ќе завршам и ќе го резимирам следното. Ако стотиците илјади следбеници дојдат до автентичниот одговор на сите досега поставени прашања, повеќе од половина молскавично ќе ја напуштат партијата и ќе се разбегаат како ѓаволи од темјан, ќе останат само оние кои во мандатот на оваа „Партија“ се офајдиле со некаков личен интерес.

Иако е очигледно дека ДПМНЕ - Цензус е во договор со СДСМ - Рекет за целосно разнебитување на македонската држава и националното обезличување на македонскиот народ, сеуште во „Партијата“ постои внатрешна кохезија, која не се темели на какво и да е македонско - национално единство. Внатрепартиската кохезија е резултат на медиумски пласираните лаги и психолошкиот страв од тие лаги.

Стотиците илјади следбеници под пресија на мас медиумската пропаганда сеуште веруваат дека оваа „Партија“ го сублимира семакедонскиот патриотизам со еден наметнат став дека очигледните криминални и предавнички дејанија морала да ги направи како компромис пред моќните НАТО и ЕУ.

Вештачката внатрепартиска кохезија во ДПМНЕ - Цензус ќе потрае уште некое кратко време, ќе се растури како меур од сапуница во оној момент кога јавно ќе се обзнани дека организациите НАТО и ЕУ неможат повеќе да постојат поради неминовните „тектонски“ поместувања на сверите на интерес во новиот мултиполарен светски поредок.

Денес Кина е светска економска велесила, а Русија со новата генерација на модерно оружје стана светска воена велесила, факти кои цензурираните медиуми во Македонија ги кријат од широката јавност. На Санкт петербуршката конференција ова лето рускиот претседател Владимир Путин ја образложи доктрината за ставање на крај на американскиот хегемонизам, факт кој и самите западни лидери го потврдија. Доларот и еврото се исфрлени од платниот промет во Азија, истите се печатат без поткритие во злато. САД се најзадолжената држава во светот, се наоѓаат на работ на економски и воен банкрот, НАТО неизбежно ќе се распадне бидејки е воена алијанса со огромна бирократија и многу бази по светот кои не ќе може понатаму финансиски да ги опслужи.

Од овие причини САД се повлече од Сирија, најавија повлекување од Авганистан, во Венецуела направија криза во која поради спротивставените интереси со Кина и Русија не ќе можат да постигнат решение во корист на нивните хегемонистички апетити, а на балканот проектираното создавање на „Голема Албанија“ ќе им стане вистински кошмар. 

Стотиците илјади следбеници на раководството и лидерот на ДПМНЕ - Цензус нека се запрашаат зошто нивниот лидер Мицкоски поставен на наместениот конгрес во Валандово, во првата посета на Вашингтон изјави дека Македонија нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ. Ако дојдат до вистинскиот одговор на поставеното прашање, веднаш ќе им стане јасно дека нивниот лидер е иста марионета на запад како и лидерот на СДСМ - Рекет, Зоран Заев - Црпко. 

Во взаемната корелација на ДПМНЕ - Цензус и СДСМ - Рекет се плети стратегија, како што и досега тоа го правеа, на наредните парламентарни избори повторно парламентарниот состав да биде само од нивни пратеници и пратеници на албанците. Но, дали овој пат тоа ќе биде можно во рамките на новонастанатата констелација на геостратешки односи од кои и покрај силното медиумско притискање, Македонија сепак неможе да остане изолирана.

Ден за ден, бавно ама сигурно, се повеќе расте руското влијание во Р. Македонија за сметка на западното. Со или без постигнат коалициски договор, на политичките партии со иста ориентација и кои програмски се категорично против членство во НАТО и ЕУ, тешко дека ќе успее планот на ДПМНЕ - Цензус и СДСМ - Рекет во парламентот да има само нивни пратеници.

Дури, на наредните парламентарни избори и да победи ДПМНЕ - Цензус, нивната влада не ќе може долго да издржи поради притисокот на Анти - НАТО и Анти - ЕУ партиите во парламентот и натамошниот неизбежен пад на западното влијание во Македонија предизвикан од неизбежниот крај на американскиот хегемонизам. А после падот на таа влада, ДПМНЕ - Цензус и СДСМ - Рекет ќе останат во историјата запишани како кројачи на македонската национална трагедија.