Сакате да знаете како се живее во Европската унија


12.08.2018 | 19:57:36 | Колумни


Сакате да знаете како се живее во Европската унија

Колумна, недела, 12 август 2018, Весна Заревска, претседателка на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Центар

Појдете во Бугарија, Хрватска, Романија... Во градовите во центарот ќе видите луѓе како се шетаат по шетачките улици во елитни кафе барови Старбакс и бутици.

Сето тоа е фасада.

Надвор од градовите ќе видите уништени фабрики, со голо око се гледа сиромаштија. Ќе видите како Европската унија им ги скрши економиите и луѓе кои залудно бараат работа, или бегаат во другите европски држави да им бидат робови.

Така Меркел ја прогласи Унијата, во две брзини. Сега гледаме ќе биде и во три брзини. Тоа што нема да го видите, се среќни млади луѓе, тие се заминати привремено или за секогаш.

А кои се тие кои заминуваат? Менаџери, технолози, инжинери? НЕ! Тоа се луѓе кои мијат чинии по ресторани, чистат хотели, чистат јавни тоалети, работат на градежништво најтешки работи, работат во старски домови на нега на стари луѓе, бидејќи Унијата старее и умира.

Тие држави од источниот блок се уништени од ЕУ, земјоделието и индустријата им се целосно уништени. Им создадоа само бела чума и депопулација. Тие држави се сурово излажани.

Влезот во ЕУ е корисен само за една рака тајкуни. Ама празен фрижидер секогаш ја победува пропагандата. Што е уште полошо, демографската и економската криза ја следи и морално пропаѓање.

Утре ќе ја печеме ракијата скришно во подрумите како Ал Капоне. Ќе ни наметнат и GMO семиња, затруена храна, вакцини побрзо да не умрат, ќе ни ги купат сите стратешки сектори, а ќе тријат раце само политичарите и тајкуните.

Тоа е капитулација и робување на долги патеки. Ќе живееме во сопствено ропство и ќе им служиме на интересите на другите. А нашите европски и американски стратешки партнери ќе не тапкаат по рамо. Браво, супер, сега имате демократија!

Унијата не дава ништо, а зема буквално се и тоа во секаква форма. Ги разнишува општествата до темел. Со програмата на Сорос манипулираат со човековите права, ги мутираат вредностите и наметнуваат тешки перверзии и сатанизам. Им создава чувство на луѓето дека се фактор со тоа дека се им е дозволено (LGBT, педофилија, зоофилија, кои се со закон легални) а всушност ги празнат луѓето без квалитетно образование и ги прават зомби.

Празен човек, празно општество, нација, човештво. За Западњаците, постојано повторуваме и вистина е дека тие луѓе се ладни во споредба со нас, егоисти без чувство за семејни релации и традиционални вредности.

На пример, од лично животно искуство знам, Скандинавците се развиени богати општества, ама се во многу ниска ментална и духовна состојба. Царува депресија кај сите и стапката на самоубиства таму е највисока во Европа. Криминал, силувања и убиства, тоа им е за добро утро и за добра ноќ.

Народот кај нас дома во Македонија се занесува дека ако сме дел од ЕУ и НАТО ќе сме земале 3.000 евра плата, дека ќе ни следи економски бум. Или дека полесно ќе отидат таму да работат. А таму се платени толку колку да се прехраниш и да си платиш кирија.

Ние не сме ни свесни колку убава земја имаме, само треба системски да ја средиме. Не ни требаат ни НАТО ни ЕУ. Алтернативи секогаш има! Имаме и луѓе што ќе ја кренат државата на здрави нозе. Да престанеме да им служиме само како хероинска рута, еднаш за секогаш. Да имаме ДОМА, и сите што се надвор дома да си дојдат.