Второто лице на НАТО


14.07.2018 | 13:44:54 | Колумни


Второто лице на НАТО

Колумна, сабота, 14 јули 2018, Зоран Јованчев, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија

Северноатланската алијанса НАТО е меѓународна безбедносна организација создадена со потпишување на Североатланскиот договор на 4 април 1949, со цел одбрана од СССР.

После распадот на Варшавскиот пакт и СССР, НАТО остана единствена воена организација која под превезот на демократијата го штити мирот, мир позади кој се крие многу немир и страдања на народите.

Сликата која не ја знаеме за НАТО е вешто скриена со медиумското едноумие, едноумие пострашно и од времето на комунизмот, менаџирано, купено и организирано од западните центри за пропаганда.

На сликата е Адолф Хесингер, претседателот на воениот штаб на НАТО, кој воедно бил и претседател на воениот штаб на фашистичката армија на Адолф Хитлер.

На прашањето кон Медлин Олбрајт дали вредеше 500 000 ирачки деца да умрат, таа одговари, беше тежок изборот, но вредеше.

Пензионираниот врховен командант на НАТО, генералот Весли Кларк најави план за блискиот исток каде за 5 години ќе бидат урнати 7 земји и тоа Ирак, Сирија, Сомалија, Либија, Судан, Иран и Јемен.

НАТО под превезот на демократијата и борба против диктатурите влезе во реализација на тој план, план кој го урна блискиот исток предизвикувајќи ја најголемата бегалска криза.

Во Либија пред интервенцијата на НАТО и западните земји работеа стотици илјади странци на изградбата на Либија. Од пустина и песок, Гадафи изгради држава која беше пример и за многу западни земји, во поглед на социјалните права на населението, младите брачни двојки, помош за студирање во странство, куќа или стан за секој либиец. Прекрасна земја со своја уникатна култура и начин на живот. Но, планот на НАТО за 5 години, 7 земји мораше да почне. Се искористи старата римска доктрина, раздели па владеј. Започнаа внатрешните судари во Либија кои со помошта на западните земји и НАТО доведоа до целосен распад на Либија, сценарија кои се веќе препознатливи како креација на западните стратези.

После „демократската интервенција“ на НАТО, Либија денеска е претворена во гробница и пазар со трговија со луѓе.

Во центарот на Триполи, се продаваат луѓе како робје.

Операциите на НАТО и западните земји во Ирак донесоа огромно страдање за ирачкиот народ. Како последица од санкциите на западните земји кон Ирак, 500 000 ирачки деца умреа, за кои Медлин Олбрајте ќе изјави дека вреди таа цена. Но не се само тие деца жртви, денеска во Ирак како последица од бомбардирање со бомби со ураниум, се раѓаат деца со деформации. Леукемијата, канцерот косат во Ирак, косат секаде каде НАТО и западните земји ги посееа, вклучувајќи ја и нашата земја и регион.

Се извинувам поради сликите, но реалноста е многу посурова за ирачките деца.

Јемен, исто така земја на листата на Весли Кларк и НАТО и една порака до демократите на НАТО, САД и Европа.

Во Сирија планот на НАТО беше пред сама реализација, беа стигнале до главниот град на Сирија, недостигаа неколку дена за да падне Дамаск.

Најголемата бегаласка и хуманитарна криза во историјата на човештвото, сокриена од очите на јавноста во нашата земја и земјите членки на нато и еу. И овој пат, кучињата на војната, најдолниот слој на човечкиот род регрутиран и обучуван како опозиција на Сирија од западните земји, претставени како ослободители на Сирија, донесоа огромни страдања на прекрасниот сириски народ, пример за соживот на различните народности и религии.

11,6 милиони Сирици се принудени да ги напуштат своите домови, 7,6 милиони се без дом, 4 милиони се во други земји.

Но Сирија се бори, се бори со злото на овој свет, светлата земја, застана на патот на планот на западните земји, за 5 години 7 земји да се урнат, заедно со големата Русија, а кој друг ?

За 5 години, 7 земји, планот се изјалови на Весли Кларк и западните планери.

Второто лице на НАТО.

МИР нема, каде што го има НАТО. Мирот е загарантиран за западните земји и народи кои својот развој го базираат врз рушевините на другите народи. Тоа не е вредност која треба да се следи, тоа е пример кој ќе се изучува во историјата како најлицемерно однесување на една организација која под превезот на демократијата, уништи се што можеше да се уништи.

Денеска во Р.Македонија, Владата инсталирана со операција ПУЧ, операција на западни служби ја слави поканата, во суштина писмо со барање за САМОГЕНОЦИД за влез во НАТО и ЕУ.

БЕДА и МИЗЕРИЈА на лажната инсталирана елита, дното во македонското општество.

А што може друго и да очекуваме од НАТО и ЕУ?