Господ може да прости, Единствена Македонија не простува


22.02.2018 | 00:16:19 | Колумни


Господ може да прости, Единствена Македонија не простува

Колумна, четврток, 22 февруари 2018, проф. д-р Стефан Влахов Мицов, заменик претседател на Единствена Македонија

ДВАЕСЕТ И СЕДУМ ГОДИНИ ВРХУШКИТЕ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ГО УНИШТУВААТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА НАВОДНО ВО НИВНО ИМЕ.

СИНОДОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ИЗНЕВЕРУВА И КРАДЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НАВОДНО ВО ИМЕ НА ГОСПОД.

Не е познато дали Исус имал јахти и лимузини од по неколкустотини илјади евра, ама денешните владици од синодот имаат. Плус конаци и секакви други задоволства. Еден од нив дури прогласи дека МПЦ била раководена директно од Господ. Само што, ниту Исус, ниту апостол Павле барале туѓи „мајки“ како денешните владици. Ниту пак светите апостоли биле предводници на разбојници.Точное обратното. Исус ги исфрли трговците (а денешните македонски владици се токму трговци) од Храмот.

Кога ќе се вознемири, Господ казнува жестоко македонски криминалци ѝ од политичката ѝ од црковната багра. Казнува и предавници, како ѝ тие кои плачат за туѓи „мајки“. Како и самите вештачки „мајки“. Понекогаш Господ привремено простува, затоа што е величествен и милостив. Но ние кои живееме на таа грешна земја и кои секојдневно се соочуваме со македонски одродници, предавници и криминалци, НЕМАМЕ ПРАВО ДА ПРОСТУВАМЕ.

ПАРТИЈАТА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА НЕ ПРОСТУВА И НЕМА ДА ПРОСТИ НА НИТУ ЕДЕН ОДРОДНИК, ПРЕДАВНИК И КРИМИНАЛЕЦ. НИЕ НЕ СМЕ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИ ИЗРОДИ И НЕ МОЖЕМЕ ДА ПРАВИМЕ КОЛАБОРАЦИИ СО НИВ, КАКО ШТО ГО ПРАВАТ ВРХУШКИТЕ ОД СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. НИЕ ВЕЛИМЕ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОТРЕБНА НАЦИОНАЛНА И СОЦИЈАЛНА РЕВОЛУЦИЈА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД НАДВОРЕШНИТЕ И ВНАТРЕШНИ ОКУПАТОРИ И ДУШМАНИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЗАТОА ШТО СЕ ПОВРЗАНИ. ПРЕДАВНИКОТ ИСТОВРЕМЕНО Е КРИМИНАЛЕЦ, А КРИМИНАЛЕЦОТ Е ПРЕДАВНИК.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од почетокот ја монополизираа македонската политика со цел да го крадат македонскиот народ, а Западот да им ја овозможува таа цел. Во замена за тоа  САД и ЕУ побараа поделба во крадењето и политичка потчинетост од овие две криминални елити.

СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ И ДАДОА МОЖНОСТ НА САД И ЕУ ДА ЈА УНИШТАТ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, А ТИЕ ПАК ИМ ДАДОА МОЖНОСТ МЕНУВАЈЌИ СЕ ВО ВЛАСТА ДА СЕ НАПОЛНАТ СО ПАРИ.

ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ПРАКТИЧНО Е ПОДЕЛЕНА И РАСПАРЧЕНА, А ВРХУШКИТЕ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ СПРЕМААТ ДА УПРАВУВААТ СО НЕЈЗИНИТЕ КОЛОНИЈАЛНИ ПАРЧИЊА КАКО ПОМОШНИЦИ НА АЛБАНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ОКУПАТОРИ.

АКО САКА ДА СЕ ИЗБОРИ ЗА СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ, ЛЕБ, СЛОБОДА И ДРЖАВА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА ЗНАЕ НЕКОЛКУ РАБОТИ:

Прво, не може да имаме слобода и леб без своја држава. Без држава во минатото Македонците се иселувале на секаде по светот.

Второ, не може да имаме слобода и леб ако државата ни е заробена како во последните 27 години. Затоа и Македонците продолжуваат да емигрираат.

Трето, не може да имаме своја држава ако не се бориме со непријателот.

Четврто, не можеме да се бориме со непријателот ако не го дифинираме точно.

ВНАТРЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ НЕПРИЈАТЕЛИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 27 ГОДИНИ СЕ ПОЛИТИЧКИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ ЕЛИТИ НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ПЛУС ПОЛИТИЧКАТА И ЕКОНОМСКАТА ЕЛИТА НА АЛБАНСКИТЕ ЕКСПАНЗИОНИСТИ И ТЕРОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА.

Не случајно десетици крупни партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ како поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, потоа се трансформираа во крупни бизнисмени. Не случајно десетици партиски функционери на СДСМ како Љупчо Палевски ја направија истата трансформација. Сега тие фаци се тупорат против партијата Единствена Македонија, затоа што стравуваат од нас. Што има зад себе Палевски за цел живот? Пропаднато новинарство, пропадната политика, пропаднат бизнис. Надвор од ширењето глупости во Фејсбук, херојството на самобендисаниот „мудрец“ е дека полеа со боја слична како него фаца Геровски. Што има зад себе на пример Љупчо Зиков? Една пропадната Алијанса за позитивна Македонија, на која беше претседател.Таа се јави на изборите во 2014 предводена од наводно звучни имиња како поранешниот премиер Бучковски, бизнисменот Минчо Јорданов и др. Коалицираа со Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија и сите тие „обединети“ со милиони пари донесоа едвај 10 566 гласови. Затоа во 2016 оваа пајтон партија се приклучи кон коалицијата на СДСМ.

КОГА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ ГО РАСЧИСТИ ПОЛИТИЧКИОТ И ЕКОНОМСКИОТ КРИМИНАЛ ВО МАКЕДОНИЈА, ТАА НЕ СЕ ФАЛИ. НАШАТА ЦЕЛ НЕ Е ВЕТУВАЊЕ КАКО ОД ГРУЕВСКИ И МИЦКОВСКИ, ТУКУ ОСТВАРУВАЊЕ. РАСЧИСТУВАЊЕТО ЌЕ ГО СПРОВЕДЕМЕ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ ДОБИВА ПЛАТИ ПО 100 ЕВРА, НАСПРОТИ ОНИЕ КОИ ИМААТ ПО 100 И ПОВЕКЕ МИЛИОНИ ЕВРА. РАСЧИСТУВАЊЕТО ЌЕ ГО СПРОВЕДЕМЕ СО НЕВРАБОТЕНИТЕ, КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ НОРМАЛЕН СТАНДАРТ ЗА ЖИВЕЕЊЕ.

ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ОДИ ВО ДВА ПРАВЦА. ОБЕДИНУВАЊЕ НА ПАТРИОТИТЕ КОИ ГИ БРАНАТ МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ И УНИТАРНОСТА НА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ПРЕДАВНИЦИТЕ ГРОБОКОПАЧИ НА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА. ИСТОВРЕМЕНО ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИРОМАШНИТЕ МАКЕДОНЦИ ПРОТИВ НИВНИТЕ ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ЕКСПЛОАТАТОРИ.

ВО СУШТИНА, И ДВАТА ПРАВЦА СЕ ПОКЛОПУВААТ. ЗАТОА ШТО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ И МАКЕДОНСКИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРЕДАВНИЦИ СЕ ЕДНО ИСТО. ТИЕ МИЛИОНЕРИ СЕ ДОДВОРУВАЧИ НА САД, НАТО И ЕУ И ГО ПРОДАВААТ НАРОДОТ И МАКЕДОНИЈА. ОД ДРУГАТА СТРАНА СЕ МАКЕДОНСКИТЕ СИРОМАШНИ, МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ КОИ НЕМААТ ПАРИ ЗАТОА ШТО СЕ ОГРАБЕНИ ОД ПОЛИТИЧКО-ЕКОНОМСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, НО ЈА НОСАТ МАКЕДОНИЈА ВО СВОИТЕ СРЦА.

СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА 99 % СИРОМАШНИ ПАТРИОТИ ПРОТИВ 1 %  ЕЛИТНИ ПРЕДАВНИЦИ. ЈАСНО Е НА КОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ПОБЕДАТА И ЗАТОА ЕЛИТИТЕ УМИРААТ ОД СТРАВ.

ОВОЈ ПРЕДАВНИЧКИ ЕДЕН ПРОЦЕНТ САКА НАТО И ЕУ ДА ГИ БРАНАТ ОД ОСТАНАТИТЕ 99 ПРОЦЕНТИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ. ТУКА Е УЛОГАТА НА РУСИЈА КОЈА ЌЕ СПРЕЧИ САД, НАТО И ЕУ ДА ГО УНИШТАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДА ЈА РАСПАРЧАТ УШТЕ ЕДНАШ МАКЕДОНИЈА. ДЕНЕС ПРЕДАВНИЦИТЕ СЕ ЗАЛАЖУВААТ ДЕКА МОЖАТ ДА БИДАТ СПАСЕНИ ОД КАЗНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЗАДАЧАТА НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Е ДА ЈА СПРОВЕДЕ ТАА КАЗНА И ДА ДАДЕ МОЖНОСТ НА НАРОДОТ ДА СЕ САМОУПРАВУВА. ТАА ЗАДАЧА ЌЕ БИДЕ РЕАЛИЗИРАНА НЕЗАВИСНО ОД ПИСКОТНИЦИТЕ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ, АЛБАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ, СТОЛТЕНБЕРГ, ХАН, АЛКОХОЛИЧАРОТ ЈУНКЕР И Т.Н.

ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ ЌЕ СЕ СМЕЕ ПОСЛЕДЕН, А КОЈ ЌЕ ВИЕ КАКО ПЕС НА МЕСЕЧИНА.