Триесетина години тапкање во место


11.03.2018 | 00:10:12 | Колумни


Триесетина години тапкање во место

Колумна, недела, 11 март, 2018, Душан Тасев, координатор на Единствена Македонија за Германија

Петре М. Андреевски има речено дека „Секој народ си има свои предавници‘‘. Вистинито и добро кажано. Но, кој ги донесува тие предавници на власт!?

Во Македонија, скоро триесет години имаме две политички гарнитури кои се менуваат на власт, и ако не се едните, тогаш се другите, простор за трети нема.

Ако погледнеме наназад и видиме што сме добиле во изминатите триесетина години, ќе мора да подразмислиме, да си го ставиме прстот на глава и да си признаеме дека вината не лежи во нив, туку во самите нас.

Ние сме тие (народот) што ги даваме нашите гласови за нив.

Сега излегува на виделина дека и ВМРО ДПМНЕ и СДС се од иста мајка.

Разликата е во тоа што едните глумат повеќе патриотизам, другите помалку, но сите се за еден интерес, а тоа се тендерите и личните придобивки.

Народот никој не го есапи !

По сето тоа што се случува денес, јас вината не ја гледам во политичарите туку во народот. Народот е тој кој дава и зема власт!

Сега, кога народот знае дека и едните и другите се преваранти, јас се прашувам зошто не се даде шанса на некој трети, четврти... партии! Кога во игра би влегле уште две-три партии, тогаш т.н игра би била многу по интересна.

Сега да се навратиме на проблемите кој ги направија овие политички партии.

Еден од повеќето нерешени проблеми во Македонија е пензискиот фонд.

Пензискиот фонд е еден од поголемите, а можеби и најголемиот проблем на државата од осамостојувањето, па, се до денес. Тој скоро триесетина години е во долгови.

Како можно решение можеме да го наведиме следното.

Секој граѓанин, со првото свое вработување ќе си има направено една така наречена пензиска сметка, на која самиот тој и работодавачот ќе ставаат одредена сума на пари, со цел, искористувањето на тие пари во пензиските денови. Во пензија да се оди тогаш кога самата индивидува посакува и тоа да не мора да биде определената старосна граница 65-67 години, а можеби и повеќе во иднина.

Вториот, исто така голем проблем кај нас се и македонски железници, кој имаат долг од околу 80 милиони евра. Со толку голема сума на пари, македонски железници, за жал, никогаш нема да успее да застане на нозе. Приватизацијата би била една од можните решенија, која би придонесла за нејзино оживување, а со тоа и зголемување на економскиот столб.

Третиот и можеби најактуелниот проблем денес во Македонија е влезот во НАТО и Европската унија. „Придобивките„ кој ќе ги има Македонија од ЕУ се некакви европски инвестиции, кои, замислете, ќе отворат нови вработувања со плата од околу 200 евра и за жал, ништо повеќе.

Оттука, дали во ЕУ би било подобро? Мојот одговор е - НЕ!

Како пример за тоа можат да ни послужат Романија, Бугарија и Хрватска, кои, и покрај влезот во ЕУ не успееја да ја променат на подобро својата економската состојба, туку, напртоив, им служат на богатите европски држави да имат ефтина работна сила.

Сигурноста која ја бареме во НАТО-алијансата исто така не е сјајна. Не сите членки на НАТО имаат исти права и привилегии. Пример за тоа се тензиите кои се појавија помеѓу Русија и Турција, кога Турција го собори рускиот борбен авион и за влакно се избегна војна помеѓу нив.

Како реагираше НАТО на сето тоа? НАТО ја смируваше ситуацијата помеѓу Руција и Турција и не реагираше на меѓусебното однесување меѓу Русија и Турција. Зошто беше тоа така? Па, тоа се знае. САД таму нема интерес и тие никогаш не би влегле во војна за интересот на некоја друга држава.

Тоа покажува дека на Македонија со влезот во НАТО не и се гарантира никаква сигурност.

Затоа, единственото што и останува на Македонија, како најдобра опција е членството во Евроазиската економска унија. Тоа би ја зацврстило сигурноста на Македонија и би ја збогатило Македонија со дополнителни ресурси, како нафта, гас и сл.

Ако Македонците го сакаат трнливиот пат со обезличување, силување и национално самоубиство, ги имаат за тоа ВМРО ДПМНЕ и СДС.

Доколку Македонците сакаат мирен сон, безбедни граници, достоинство и просперитет, тогаш ја имаат ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА .

Од нас СЕ зависи.

Да живее Македонија и македонскиот народ!