Дон Кихот од Македонија


13.07.2010 | 22:49:20 | Колумни


Дон Кихот од Македонија

Веб колумна, 13.07.2010, Илија Ташев

Незаменливиот ќе ги поведе народните маси право кон ветерниците, и во таа нерамна борба со магловитиот противник ке ја извојува ,,најсилната победа,,  од своето раѓање!?

Минатиот месец, односно, поточно на 27 јуни видовме митингашко случување, кое, сосема сигурно не придонесе Република Македонија да се одлепи од тажнотијата во која се наоѓа. Во овој контекст, некои мои пријатели - политички противници, сметаат дека тоа е дури поттурнување на државата наназад.

Од каде па ова!?

Објективно гледано, секој митинг покрај лавина  од дрдорења, односно,  покрај обилно истурената згура би требало да исфрли и нешто благородно, нешто за паметење. Тоа треба добро да го процени секоја инволвирана страна во препукувањето, но и народот. Да, токму нашиот почитуван народ, кој редовно знае да казнува или наградува. Во оваа насока, познато е дека во арсеналот на политичката борба има и глумење, подзакочување на другиот субјект со сплеткарења, дворски игри внатре или надвор од собраниската зграда, улична демократија, која речиси редовно продуцира вандализам и беззаконие - барем во нашата политичка реалност.  Така, деновиве бевме сведоци на вандализам што се случи  пред парламентот. Истовремено, сето тоа некој  сакаше  да го заврти наопаку и притоа да го престави како автогол на демократијата! Понекогаш зборот лажење, колку и да звучи грубо, се користи обилно на очиглед на субјектите во политичката борба, како и пред очите на сопствениот народ.   Меѓутоа, како и да е, лично сметам дека на митингот на СДСМ од 27 јуни, и во фазата на припремањето со списоци преку роднинската свита, партиската војска, послушници со поднаведнати глави, сепак сакаа, па и тие се душа, - да чујат нешто ново, нешто досега нечуено или не видено. Но??? Како и во сите семејства така и кај мене телевизискиот приемник редовно е вклучен, верувајте, дури, и многу често. Притоа, работејќи нешто, повеке го слушам вклучениот телевизор отколку што го гледам. Така сум  настроен и кон  Б.Ц. - што помалку го гледам, толку подобро го разбирам. Доколку пак, го гледам, си  размислувам можеби ке се замајам. Ке ми се случи нешто со умот.Човекот е мокен, умее тој-умее! Не , не е до човекот, до мене е.Јас  сум си таков. Меѓутоа, народот, и јас како дел од тој народ ширум ги отворил очите. Малку било да се гледа и слуша преку ТВ-приемниците, па, се посакало да се појде и до таму, односно, на местото на настанот, токму пред Владата на Р.Македонија. Љубопитност!!! И гледај сега чудо, премиерот, кој е поранешен боксер, со најсилното обезбедување околу себе, замислете се плашел да се симне долу. Долу, та најдолу, токму каде што Бране држи митинг. Токму вечниот б.-р-а-н-е.  Внимавајте, се така му аплаудирале. Ама добро е, не е долу во калта заглавен, па да незнае што ке прави со Себе. И сите тие митингаши долу, демек биле весели, расположени, насмеани како во транс од задоволството. Имаат и зошто - ке го чекаат најверојатно15  СЕПТЕМВРИ. А, на 15 септември  ке се реши судбината  на овој изнамачен народ, ке има вработувања за секој член од семејството, големи плати, стечајците ке бидат згрижени и повеке нема да цимолат и да се шушкаат пред вратите на опозицијата, автомобилиската индустрија одново ке воскресне!!! Исто така,  општинските атари, за кои, тој сега знае како да ги врати повторно во своите природни пространства и притоа нема да шурува со еди кој си, ќе се грижи за својот национ, за малцинствата, на најбројното, ке му довери наместо 3-4 можеби 8 министерски места, а на сите останати малцинства по едно заменичко министерско место. Веројатно научил да ветува, таков му е животот и табиетот – не дај господе дека тоа го прави и со ДУИ. Со ДУИ ке видиме што уште ќе  смисли, меѓутоа  на луѓето веќе неможе да им го раскомадува народниот имот, завршена му е продукцијата на стечајци, а веќе демнее над чувствата на новите  стечајци, млекарите и слични  заложници на несоодветна актуелна политика. А за името, ех...  тоа е лесна работа за него, веднаш ќе го суреди!!! Кога станува збор за петнаесети септември, за кој 15-ти станува збор , само тој  си знае и никој друг. Ааа, велат селаните кога сум крај викендицата во Марвинци, во која понекогаш престојувам – Мајсторе,  го виде ли детево од Слатино, го бидува нели? Од каде пак јас мајстор кога не сум лимар, ниту ковач...Уште поголем е жагорот пред селската гранап - пивница. Замаени од пивото, прашањето од нашиот благороден и доброчуден македонски народ слично или сосема исто! Оттука се појавува дилемата кај мене, што да им кажам, а притоа да не ги повредам во душата. Навијачките страсти кај нив се очигледни. Гледам дека само дел од тие десетина  се силни навивачи, а останатите мудро молчат, односно, чувствувам дека се големи опоненти. Па, низ смеење и јас во нивниот стил: Го бидува мајсторе, го бидува, ами како не го бидува. Тој ти е  човек  со бистар ум – не пие како нас пиво, а виски и други  замајувачки средства ниту да помириса! Па тој толку е засилен,  небаре  е Дон Кихот од Македонија. Го поведува народот право кон ветерниците. Од тие десетина илјади митингаши, некои од неговата дружба додаваат уште   4-5 илјади,  сите ќе поитаат по неговите стапки. Зарем смее некој да не појде од запишаните во силните партиски списоци? Сите така зацрвенети во образите ќе тргнат напред како во војната кај Ис, кога Александар Македонски ја извојувал најзначајната битка за освојување на азискиот континент. Ке ги поведе незаменливиот право кон ветерниците! И во таа нерамна борба со магловитиот противник ке ја извојува ,,најсилната  победа,,  од кога е роден! Во некоја друга прилика ќе се осврнеме на фактот, дека законодавецот сепак треба да се погрижи за лицата што имаат доживотнен надомест, да неможат притоа да извршуваат и други работни задачи, вклучително и горе споменатата. Во спротивно, треба да го изгубат правото на сите  привилегии што ги користат  на сметка на народот!