Срамна одлука за Јохан од бесрамниот Хашки трибунал!


02.06.2010 | 22:45:53 | Колумни


Срамна одлука за Јохан од бесрамниот Хашки трибунал!

Веб колумна, 02.06.2010, Илија Ташев 

Сите ние сме со вчудоневидена бркотница во главата Сите ние , со подзинати усти, очекувавме ВИСТИНА Херојот  кој го бранеше сопствениот народ од  злосторници - наместо награда, доби огромна казна.

Јохан Тарчуловски - редок примерок од народните маси, се најде онаму каде што  најмалку посакуваат обичните  луѓе - народот!

Да, народот, токму оној, што произлегува од перото на Балзак, Андриќ, Прличев, како најобична, доброчудна раја, со сите мани и добри манири, од оние времиња до денес. Таму, во грозоморниот Хаг, пред пет години се најде херојот. Тоа го посака една мала група луѓе. Посака шепа одлуѓени  од луѓето, одвоени од народот, одчовечени од родот свој заради некои, според нив, повисоки интереси! 

Токму на денот на пресудата, попатно потчув една изнемоштена старица со огромна диоптрија, како сред ѓурултија, врескаво потпрашува: Што стана синко со Јохан..., нешто ми е познато, нешто подразбрав... што ли направи толку страшно? Испрекинато ќе си потпраша, и онака, на среде пат настојчиво ќе се намерачи на некого. Некој, кој сакал -несакал, како во ќорсокак, мора да го бара излезот за да и одговори! Притоа, се најде едно голобрадо момче и онака својски, на поминување, рафално, со нему својствен брзински баритон одговори: Страшно! Страшна е вистината бабоооооо!!! Да се бориш за својот народ, за својата држава, да не го штедиш сопствениот живот, и за тоа  да бидеш казнет со тешко поднослива 12-годишна казна. Уште седум долги години за Јохан. И, бргу-бргу протрча покрај старицата! Сите ние, се прашуваме: Зошто?  Сите ние сме со вчудоневидена бркотница во главата! Сите ние, со подотворени усти - како да треба да се голтне, очекуваме ВЕРИТАС!!!     Меѓутоа, вистината  очигледно е проголтана. Подголтнуваа и судиите на Хашкиот трибунал, небаре токму тоа им е душевна храна. Ако и тие знаат за потребите на душата и душевното!. Или пак, така им наредиле. Така им напишале силните  неприкосновени босови, а, пак, тие  кутрите, пиунчиња пиуносани, само читаат и така се, ама баш се,  мораат да голтаат! Вистината ќе излезе на виделина. Можеби во некоја друга прилика. Можеби на некое друго место, и се разбира во неко  друго време. Можеби на судот, на судовите во Рим - ако и таму  незавладее корупција. Денес е присутна оваа ситуација. Херојот  наместо награда заради тоа што го бранеше сопствениот народ, а индиректно и народот во околните државички - доби огромна казна. Го чистеше поприлично напластениот плевел. Со години подготвувани планови, од налудничави наши државјани во швајцарско пакување, со намера да се посее страв, да се направи немир во една демократска држава, а сето тоа заради наводно загрозени  човекови права!? Дојдоа да  ги бранат „човековите права„ и платеници од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Авганистан и други земји од Блискиот Исток. Тоа беше загаден плевел,  проткаен со имигранти  од секаков  вид: вахабисти, муслимански екстремисти, односно, милитанти од ков, до обични платеници со дневна хероинска доза, или, нешто слично од лепезата на пороците. И не само  споменатите, тука имаше и амерички генерали, кои не сакаме да веруваме, дека недај господе, дошле да се борат против признаената ни држава под уставното име – Македонија. И молк! Никој ниту да потспомне, Еден ден и тие во Хаг!!! Или, во денешни услови Ви наликува на американско-саксонска лакрдија?! Е, вака битисува Македонија и македончето со денови, години, низ векови. И така, замолчено, обесправувано, со мучук издајства, туркано во војни и конфликти, во незгодии, атентати, паднати авиони  и секаков вид несреќи! Последното што ни се случи е Тарчуловски. Со случајот Тарчуловски, ние, Македонците сме исправени пред големата  вистина:  -Лажното  добива предност пред објективното; - Насилно   одземеното, вака или онака да се легализира; -Вековното да се  парчоса,  изврти, промени; -Националното да се разнебити и омаловажи; -Сплотеното да се  одвои и раскрши; -Промена на името- насилна, доколку не ја криеме главата во песок. Да подвлечеме, сето ова  не е практика никаде на земјината топка. Веројатно и понатаму од неа, ниту на Марс. Ова невидено случување, ова проклетсво, пред се, важи само за Македонија и Македонците! Ќе ја заобиколиме целта ако одвоиме простор за договорот потпишан со американската Влада, дека ќе аминуваме, пред било какво злосторство на американски војник, односно, ќе му дозволиме на американчето, спокојно да замине од Македонија, за да му судат американски судови - макар и ако убил... Замислете, каде е тука македончето! Значи, македонските судови не смеат да судат на своите државјани, или, поточно, нашите институции, не можат да го ослободат од несоодветно обвинување. А  за американчето? И конечно да заклучам. Попусто ја чекаме вистината. Попусти се и овде-онде протнати зборови од европско-американска господа: Вие сте окккккккк.Кога веќе на наредната средба - дисонантни тонови! И американскиот адвокат, во својство на бранител беше надвор од себе. Шокот беше очигледен, а острината на зборовите упатува на загриженоста, според мене, за вмешаност на други невидливи сили надвор од судството. Доколку  добро разбрав, а разбирам и јас по нешто, нема доволно докази за осуда!?  Срамната одлука за Јохан , на  бесрамниот Хашки трибунал, ако се појде од веќе виденото, очекувано е да остане и после некое наредно судење. А, наше е да се надеваме дека еден убав сончев ден срамната одлука  ќе се поништи. Се разбира, со нови некорумпирани судии, односно нови босови на Европската сцена, доколку, наскоро и самата Европа не  почне да се гризе од внатре. Или, можеби, можеби,..се мислам одамна  и дефинитивно заклучувам, дека можеби доаѓа време кога  НИЕ  МАКЕДОНЦИТЕ ТРЕБА ДА ЈА СРУШИМЕ! Онака, како што  Александар Македонски ги срушил бројните граници и наместо дотогаш постојниот  стар свет, правел нов свет..Да ја срушиме сегашната.Европа, а на темелите на старата лицемерка да изградиме нешто ново. За потоа да живееме во Европа, но, со нови, сосема поинакви  вредности!