Арифи-зам наспроти владината коалиција!


17.05.2010 | 22:30:20 | Колумни


Арифи-зам наспроти владината коалиција!

Веб колумна, 17.05.2010, Илија Ташев 

Нејзините зборови се бисери од најцрн вид. Колку повеќе се помрачни, толку повеќе доаѓаат до израз, а кога ќе истресе од скриениот арсенал на злосторничко оружје - ќе си вика таа и натаму, безгрижно, во суверената пратеничка фотеља и притоа ќе остане жива  и здрава,  а на народот?  Што ќе му даде господ!!!

Не треба многу надареност и мудрост, за извесни личности да ги процениш соодветно преку нивните редовни пишувања. Се разбира, речиси е извесно дека проценката ќе остане  безцелна, доколку не допре до патриотите во Македонија, а и пошироко, до соодветните владеачки гарнитури. Затоа се прашувам - Кој се е дел од оваа власт, односно, какви личности се всушност оние што го живеат мирниот живот под закрилата на ова, со години крвавено парче земја, а истовремено со своите настапи носат немир. Оттука, што  всушност, се почесто посакува со своето злосторно перо пратеничката Теута Арифи, од ДУИ, инаку, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ?

Имено, нејзините зборови речиси редовно навлегуваат во најсензибилното, најсуштественото за државата, односно, во односите меѓу постојните коалициски партнери, во меѓунационални докажувања и националистичките препукувања кои се дел од македонското битие! И, внимавајте, ниту еднаш не најде зборови на разбирање за премиерот и неговата гарнитура, иако токму оваа влада, чиј составен дел е и оваа пратеничка, промовираше многубројни идеи и проекти. Меѓутоа, воопшто не  се сеќавам дека прочитав нешто од неа што упатува на убавото и доброто. Можеби се во прашање, за нас, некои непознати европски демократски вредности??? Инаку, како што споменав, редовно, без исклучок, нејзините зборови се бисери од најцрн вид, и во овој контекст, колку повеќе се помрачни, толку повеќе доаѓаат до израз, а народот?!  Токму така, ниту влакно од глава нема да и фали, а на обичните смртници што ќе даде господ! Повторно на браникот на државата, повторно непреспиени ноќи, грижа за најблиските, роднините, соседите... Повторно крв и солзи за обичните граѓани на оваа држава, а кај оние од спротивната страна како нејзе, се е поинаку.  Истовремено, доста ни е од покажувања, докажувања и закани, па макар тоа биле и  од убавата господска  елита - амбасадорите на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и незнам кој уште не! Не постои повеќе волја, се чини дека желбата за коментари како да е веќе убиена! Комодитетот на странците, па макар биле од Америка и Европа, ги надминуваат дипломатските кодекси за пристојно однесување. А дотичната пратеничка им оди на рака токму ним, со изјавата во својата колумна во Дневник, дека извесни земји се откажувале и од суверенитетот  заради светла иднина, што е неумесна опсервација  непристојна дури и за т.н. банани држави. Можеби господинот Рикер треба и за уши да ги потфати токму оние што ја разнебитуваат нашата држава. Но, очигледно е дека тој убаво се вклопува во беседата на споменатата пратеничка. Велат дека споменатата пратеничка е професорка, но, знаеме дека професорите подучуваат. Во суштина, во наставниот процес се бара педагошки приод, односно педагозите упатуваат. Во јавноста проструи информацијата, дека ледената госпоѓа станала мајка. Мајчинството е круна на нежноста  и претпазливоста. Меѓутоа, доколку беше барем малку таква, барем малку внимателна и претпазлива,  ќе помислеше барем еден момент со едно мало мозочно влакно, дека е КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕР.  А доколу посака да подучи, има околу себе мнозина такви, бидејќи дел од нив - некакви лидери, замислете, во сопствената земја бараат преведувачи. Што ли пак, ќе прават, кутрите, тие силни лидери доколку се најдат во странство?!   Госпоѓата  Арифи наместо да ги завитка ракавите, и да ги разработи сите возможни варијанти, покажувајќи ни некоја кохезиона визија во  владината коалиција, таа спротивно на ова, ни кажува приказни според нејзиното видување, за се потешката  внатрешна политичка  состојба, како и за наводната загрозеност на евро-атланските процеси на нашата земја и слични заклучоци, а кои редовно се на линија на македонските надворешни и внатрешни противници. Значи, им оди на рака на критизерите, или поточно, самата работи на штета на сопствената коалиција. 

Затоа, се прашувам како би се однесувала кога би била во коалиција со г-дин Црвенковски? Можеби тогаш би работела во корист, односно, повторно на некоја си туѓа штета, но, освен за штета од било кој вид - за ништо друго! Во оваа насока, зашто душебрижничката не  се позанимава со теми кои се од големо значење за државата  и за спокојството на нерасположените народни маси, како на пример:

- ДА ГО ОТКРИЕМЕ ЗЛОСТОРНИКОТ што постојано таложи оружје и муниција во неколку погранични пунктови! Претпоставка е дека пронајденото оружје најчесто не е ни 10 посто од скриеното или побргу  донесеното или од некогаш оставеното! - Кој ги МАЛТРЕТИРАШЕ И ЛИШИ ОД ЖИВОТ (им се губи секаква трага)  на 15-тината исчезнати Македонци во таканаречената војна за човекови права! ЕЕЕ, како сега мајка да размисли - Да ли е убаво да  исчезне  некое бебе?! - Каде се ЗЛОСТОРНИЦИТЕ ОД ВЕЈЦЕ, постои видео клип, аргумент повеќе за злосторство врз човештвото, за кое според Кривичниот законик никогаша не настапува застареност? - Зошто не ги увери забурхалените приврзаници на непостоечката  Бурмали џамија,  дека на тоа место на поранешниот Офицерски дом  се всушност темелите на некогашната македонска црка СВ. НИКОЛА, пред векови  запалена и разнебитена од османлиските завојувачи? Што пак, има врска Бурмали џамија со Албанците!? - Зашто не го разоткрие, односно, не потпраша во исламското МУФТИЈСТВО - Кој и до кога ќе го онерасположува народот и ќе ги расонува граѓаните во ниедно време со силното пеење на оџите со децибели до максимум, и тоа, пред 5 часот наутро како да сме во Бејрут?! И зошто , и зошто, и зошто...???