Албанците станаа 25 проценти со помош на ШИК - тајната полиција на Албанија!


16.04.2010 | 22:19:00 | Колумни


Албанците станаа 25 проценти со помош на ШИК - тајната полиција на Албанија!

Колумна, „Фокус„, 16.04.2010, Јанко Бачев

Дали доаѓа денот В за вистината за фалсификуваниот попис во 2002 година, со кој албанското малцинство во државата беше лажно прикажано дека изнесува 25,17 отсто, со цел да ги задоволи потребите од т.н. рамковен договор, кој предвидува Албанците во Македонија да ги добијат правата што им припаѓаат на заедниците со над 20 отсто од населението?

Кај македонскиот народ нема дилема за потврдноста на одговорот, иако албанските политички субјекти, по официјалната потврда дека на 15 април 2011 година повторно ќе се пребројуваме, започнаа со почетни очајнички обиди, со цел да спречат да излезе на виделина големата вистина, дека албанското малцинство изнесува околу 17 отсто од населението. Затоа, претстојниот попис има круцијало значење за Македонија, бидејќи суштествено е да се види етничката припадност на населението, а не неговата вообичаена намена, да претставува обична статистичка операција, со која само ќе се преброи населението и притоа ќе  се обезбедат драгоцени информации за формулирање на политики кои ќе придонесат кон развојот на земјата!

Пред да се осврнам на некои непознати детали околу фалсификуваниот попис во 2002-та, сметам за потребно да дадам куси воведни напомени. Имено, загрижува фактот што во контекст на најновиот попис, споменатите обиди на албанските политички субјекти, уште на почеток добиваат силна логистичка подршка од Срѓан Керим, за чиј антимакедонизам и разузнавачка обработка своевремено беа запознаени и народните пратеници (повеќе во: www.ndm.org.mk) преку непримерната кампања што ја започна неговиот Дневник. На тој начин, Керим не само што предизвикува опасни домашни последици, туку наспроти нивната волја ја става во заложништо и целата новинарска структура на Дневник, во прилог на разнебитувањето на државата. Деновиве бев фрапиран кога познаник од Дневник отворемо ми посочи дека овој весник допрва ќе го покажува својот антимакедонски профил по налог на Керим. Не случајно во Дневник веќе нема ниту една изјава во прилог на македонските национални интереси, а, од друга страна, во овој весник, на ударните места доминираат бомбастични, во основа антимакедонски изјави од Џафери, Ахмети, Селмани... Тачи, пак, преку Дневник, дури и отворено ни порачува нова војна во Македонија и нејзина поделба. Кога сум кај заканувачките изјави на Тачи, сакам да го предупредам да не си игра со оган, затоа што, ако мораме уште еднаш да се пресметаме со Албанците доколку повторно се фатат за оружје, само ќе ни ја олеснат работата, бидејќи Македонците се при крај со своето трпение од нивните секојдневни антимакедонски барања, за нови и нови права, иако со т.н. рамковен договор, кој и понатаму е трауматичен за македонската национална свест и фалсификуваниот попис во 2002 година, практично добија бројни привилегии, што некои од нив дури не одговараат на нивното цивилизациско ниво. Сакам на наши сограѓани Албанци најискрено да им порачам да не помислуваат на нова војна, бидејќи овојпат нема да си имаат работа со некое предавничко македонско раководство од 2001 година, туку ќе се соочат со македонскиот народ.  Па, Мендух, ако ова не ти е доволна опомена, повели уште утре фати се за оружје, од кое овојпат ќе се изгориш! Албанскиот политички блок, чуствувајќи дека на пописот во 2011 година вистината ќе излезе на виделина, затоа што домашните и меѓународните околности не дозволуваат да се фалсификува пописот како во 2002 година, деновиве тргнаа со фронтален напад, а  кулминацијата ќе следи во догледно време со драматични најави дека Албанците во ников случај нема да признаат пописни резултати, доколку бидат прикажани дека се под 25 отсто. Се разбира, во својот тактички приод, албанските политички субјекти обилно ќе го кристат и т.н. спор за името со Грција, за да се обидат преку непримерни пазарења со владеачката партија да ги остварат своите цели во контекст на претстојниот попис! Воведните напомени ми беа потребни за да се надоврзам на деталите околу фалсификуваниот попис во 2002 година. Имено, познато е дека претходниот попис се спроведе во периодот од 1-ви до 15-ти ноември 2002 година, откако претходно два пати беше одложуван (април и јуни 2002) по сугестии од одредени меѓународни претставници во државата. Произлегува дека пописот во 2002 година во никој случај не требало да го спроведува владата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, туку фаслификуваната статистичка операција морало да биде доверена на некоја друга влада. Така, по промената на власта на легендарниот 15 септемеври 2002 година, новата владеачка коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ тргна на 1-ви ноември 2002 во изведување на фалсификуваната пописна операција. Во македонската политичка и интелектуална јавност до денешено време отсустува дебата околу прашањето - зошто по секоја цена пописот во 2002-та требаше да го спроведува некоја идна влада, а не владата на Геориевски? Инаку, според Законот за попис, во статистичката операција беа вклучени македонски државјани кои се во странство не подолго од една година. Меѓутоа, ШИК, тајната полиција на Албанија, во координација со одредени нивни политички експоненти од албанското малцинство во Македонија,  ќе овозможат масовно попишување и на Албанци кои повеќе од една година се надвор од земјата, откако претходно успешно ќе организираат масовно собирање и донесување на нивните пасоши во земјата. За попишувачите во западниот дел од државата било доволно тоа што албанските домакинќи само им покажувале пасош, како идентификационен документ, притоа велејќи дека во моментот дотичното лице е излезено и не е дома, со што, во тој момент, масовно се попишувани лица кои фактички не се во земјата подолго од една година, а што е спротивно на законските прописи. Притоа, попишувачите воопшто не проверувале дали лицето што е отсутно од дома, во пасошот имало печат дека е во Македонија!? На 14.12.2002 година, Државниот завод за статистика официјално потврдува дека најчесто во струшкиот, гостиварскиот и тетовскиот регион се попишуваат лица кои не се во државата, а зад ваквиот тип на недозволено попишување најчесто стојат лица од албанската националност. Затоа, на 22.12.2002 година, директорката на Заводот, Благица Новковска, излезе со став дека за сите попишани лица во западниот дел на Македонија, кои години наназад живеат во странство, и за кои се употребени нивните лични документи без нивно присуство, ваквите случаи нема да бидат земени предвид при конечниот резултат! Истовремено, во април 2003 година,  излегуваат секојдневни изјави на одредени странски дипломати во земјата, како и во повеќе странски весници, посебно во германскиот Шпигл, дека процентот на албанското малцинство во Македонија, веројатно може да изнесува околу 19 отсто од вкупното население. Други, пак, несвојствено за дипломатското општење, отворено кажуваа дека политички погрешен би бил секој резултат, според кој би излегло дека албанското малцинство е под 20 отсто од населението, па, доколку пописот не го донесе сам по себе посакуваниот резултат, тој безмалку би морал да биде измислен!? Во оваа насока, концептот на ШИК и домашните албански политички структури создадоа предуслови за примена и на познатиот тактички приод на Албанците за пребројување на исти лица по три пати: при спроведување на пописот во Косово, во Албанија и во Македонија, за лажно да ја претстават нивната бројка во регионот. Иако недозволиво, уште ќе го користат и методот на непречено попишување со молив на македонското население со исламска вероисповед, наместо пенкало, за покасно да се бришат податоците и дополнително да се претставуваат во прашалниците како Албанци!

Во април 2003-та,  директорката Новковска изјавува дека ќе се користат сите инструменти кои ги има Заводот за да се исклучат од пописот сите попишани што живеат надвор од земјата повеќе од 12 месеци, а до сега било докажано дека таквото попишување се спроведувало во дел од Скопје, во Тетово, Струга, Гостивар и во Охрид. Меѓутоа, наместо сериозно да се земат во предвид заложбите на Новковска, се прави спротивното, односно, во април 2003-та, коалициската влада на СДСМ и ДУИ ја разрешува од директорската функција, поради тоа што, наместо да користи компјутери, таа ја забавувала процедурата инсистирајќи на рачна обработка за пописните резултати, иако претходно веќе е алармирано дека се прават злоупотреби со компјутерската обработка на податоците со едноставно додавање на нули во записниците од пописните кругови во средините со албанско население, односно, за несовршеноста на компјутерскиот систем на влез од податоците од аналогна во електронска форма, заради што, наместо една шифра, се става друга по желба на операторот. Затоа, дури деновиве им текна на албанските  политички субјекти да барат пропорционална застапеност и во Заводот за статистика, а во заднина за нив е интересен токму овој операторски центар, односно, тие околу 160-тина лица подготвени да работат на кодирање и обработка на податоците. Во 2002 година, со благослов на македонскиот коалициски партнер, ДУИ успеа во пописниот фалисификат, но, сега, најверојатно свесни дека не може да го повторат истото, за секоја евентуалност настојуваат да вработат Албанци во споменатиот операторски центар!

Инаку, на местото на Новковска беше назначен извесен Данчо Герасимовски, кој веднаш ќе изјави дека најдоцна до средината на ноември 2003 година, Заводот за статистика ќе ги објави статистичките податоци за населението во Македонија по етнички карактеристики, иако претходно беше најавено дека првичните резултати ќе се објават во јануари 2003 година. Истиот, во телевизиско интервју на 19.08.2003 година изјави дека бројноста на Албанците е над 20 отсто, јасно алудирајќи дека Албанците треба да бидат мирни, затоа што ќе го обезбедат условот до 20 отсто од т.н. рамковен договор, иако во ниту еден случај кога сеуште е во тек пребројувањето не смее да излегува со проценка или било каква констатација. На крај, за неговата улога во фалсификуваниот попис, врз разни основи како вработен во Заводот и учесник во Пописот 2002, тој ќе заработи надомест од 20.000 евра. Притоа, претседателот на ДПК, Зоран Крстевски, иронично ќе извикне дека Владата имала потреба да дели награди, посебно директорот Герасимовски за „успешно завршените пописни резултати„! Значи, ако се има предвид дека еден пристоен автомобил чини 20.000 евра, а тие ваму ги распродавале македонските национални интереси за таа сума, произлегува дека за нив Македонците се вредни колку еден автомобил. Заменикот на Герасимовски, пак, извесниот Милаим Адеми, во телевизиско итервју на 25.08.2003 изјавува дека комплетните статистички податоци за етничката припадност во Македонија ќе бидат објавени во втората половина на ноември 2003 година, а, според сите податоци, во Македонија ќе има повеќе од 22,7 отсто Албанци, со што и тој недозволиво дава проценки без да ги почека официјалните резултати. Речиси сите членови на ДПК ги осудија, како што рекоа, паушалните изјави на раководните луѓе на Статистика, кои во јавноста изнесоа свои прогнози и очекувања од пописот во врска со етничката структура на населението, со што пописот се исполитизирал, бидејќи во тој момент сеуште не е извршена обработката на податоците за бројноста!

Истовремено, Работната група на ДПК излезе со предупредување, дека во голем број прашалници го нема или е погрешен матичниот број на граѓаните; во одредени прашалници освен основните генералии не пишува ништо друго, но, проблем е и тоа што воопшто за лица - Албанци од западниот дел на државата воопшто не е наведено, колу време се надвор од државата и во која земја се наоѓаат. По ваквите изјави, на членовте на ДПК им беше забранет пристап до Заводот за статистика, за да не можат да видат како се работи, откако претходно неколку референти кои работеле на обработка на податоците реагираа на грешките направени при внесување на пописните резултати!

На 01.12.2003 се објавуваат првите резултати од пописот на населението, кои покажуваат дека од вкупно 2.022.547 жители на Македонија, 64,18 отсто се Македонци, а 25,17 отсто Албанци. Споредбените податоци од пописот во 1994, односно, за последните 8 години, покажуваат крајно нелогични резултати, односно, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за осум години, 67.979 се Албанци, а само 2.000 Македонци. Произлегува дека годишно се раѓале 8.500 деца од албанската етничка припадност, а само 250 од македонска. Овој сооднос од 34 родени деца Албанци спрема 1 македонско дете, покажува дека ниту теоретски не е можно природниот прираст кај Албанците толку рапидно да расте. Дотолку повеќе, како е можно при пописот во 2002, за разлика од пописот од 1994 година, да има пораст на населението во 99 отсто од општините со албанско население, а во над 90 отсто од општините со македонско население да има намалување од околу 10 отсто! Или, на контигент од македонско население од околу 1.300.000 жители се презентира прираст за осум години од само 2.000 жители, а кај околу 300.000 албанско население пораст од 68.000 жители! Во овој контекст, тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ, преку штотуку избраниот претседател Груевски, излезе со став дека се сомнева  во веродстојнста на податоците и јавно запраша, како е можно во исти социјални и економски услови бројот на Македонците да се намали за 3 отсто, а бројот на Албанците да се зголеми за истиот процент. Притоа, ја обвинија тогашната влада дека била нетранспарентна и дека не дозволила учество на државната пописна комисија во обработката на податоците, па побараа да се формира комисија на експерти, во која ќе влезат и претставници на поголемите политички партии. Оваа комисија ги евидентираше сите слабости на пописот, но, нивните наоди останаа недостапни за јавноста! Македонските граѓани со задоволство ќе му простат на Груевски затоа што сега од позиција на власт не ја исполнува оваа своја заостаната обврска од 2003 година, кога бараше комисиски да се расветли фалсификуваниот попис, доколку во 2011 година биде спроведен  реален попис, односно, не потклекне на непримерните закани и обиди за пазарења на албанскиот коалициски партнер за повторно фаслификување на пописот во замена за нивната подршка околу т.н. спор за името. Во спротивно, Груевски ќе треба да даде отчет, зошто на вонредните парламентарни избори во 2008 година бараше преку 60 пратеници, за да не биде уценуван од албанското малцинство за националните и државните интереси. Народот поверува, му даде 63 пратеници, па сега останува на Груевски, дали ќе дозволи повторно да се фалсификува пописот како во 2002 година, односно, повторно да се калкулира со бројки, и со тоа да се урниса Македонија засекогаш? П.С. Изразувам огромна благодарност до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ја прифатија мојата иницијатива за незастарување на кривичните дела во врска со приватизацијата, промовирана во мојата колумна во Фокус, уште на 19 март 2010, со што се створија почетни предуслови, македонските граѓани најпосле да го добијат одговорот на прашањето - кој и како ги крадеше и лажеше во изминатите дваесет транзициски години?