Промена на името, мрачното доба на еден народ и геостратешки проект


09.06.2018 | 18:26:12 | Колумни


Промена на името, мрачното доба на еден народ и геостратешки проект

Колумна, сабота, 9 јуни 2018, Зоран Јованчев, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија

Тука нема никаква мудрост, знаење, дипломатија, наука, тоа е целосен пад на целиот политички, општествен, образовен систем, тоа е темното доба на еден народ.

Бесконечните дискусии околу името, „научните“ дебати, ставови, нема промена на Устав за промена на име се дискусии и ставови на пропаднати елити, духовно и морално .

Промена на името е и геостратешки проект на западните сили. Во тој проект се инвестираат стотици милиони долари, се регрутираат најдолните и најбедните слоеви, се користат нелегално снимени разговори, се уценуваати се елиминираат „видни“ личности од општествениот живот, уценети политички партии.

„Македонските“ медиуми имаат посебна улога во тој проект, тоа е улогата на перална на мозок, добро координирана, со моќна центрифуга, водена од најмоќните служби за социјален инжинеринг. Често ќе видите дискусии на „видни“ учесници кои разговараат за промена на име на еден народ, како највисок демократски чин, за влез во најдемократски клубови ЕУ и НАТО. Смени си го името и повели во демократскиот клуб, пукни си во глава и живеј!

ЕУ и НАТО се лижавчето за луѓето кои размислуваат само со дебелото црево.

Центрифуга која врти 24/7, благосостојба и високи плати кои ги нема во Романија, Бугарија, Хрватска, нивни членки, војни предизвикани од човекољубие, бомби фрлени како милосрдни ангели, општа хипноза.

Во центрифугата нема да ги видите страдањата на ирачкиот, сирискиот, либискиот народ, народи кои се избомбардирани со демократија, или пак за геноцидите на западната цивилизација.

Дали демократија во која се бара промена на име на еден народ, може да се нарече демократија?

Не, тоа е таа стара европска проститутка која изврши на неколку пати серија геноциди врз македонскиот народ и која сака да го изврши последниот, бришење на македонскиот народ. На таква проститутка се лепат само пропаднати „национални“„елити“.

Македонецот мора да го фрли лижавчето, во животот освен дебелото црево постои и срцето, душата, умот, постои генот наш древен македонски, постои честа, достоинството кои се многу повредни од НАТО и ЕУ.

Ако името Македонија ни е свето, треба да го напуштиме несветиот пат на НАТО и ЕУ.

Единствена Македонија како политичка партија свесна за кризата, за вистинските намери на злосторничките западни организации, превзема серии на мерки кои се на линијата на македонските национални интереси. Градиме систем во кој Македонија и Македонците ќе ги вратиме во светот помеѓу живите нормални народи, кои се борат достоинствено и чесно за своите поколенија, за македонските национални идеали, за подобар и поправеден свет.