Глигоров беше против осамостојувањето на Македонија


28.03.2015 | 14:20:23 | Интервјуа


Глигоров беше против осамостојувањето на Македонија

28.03.2010 (недела) Интервју на Претседателот на НДМ, Јанко Бачев за Радио Илинден - Мелбурн (новинар: Дончо Ангелоски) 

Претседателот на НДМ Јанко Бачев на 28.03.2010 година имаше специјално интервју за 24 часовното македонско радио во Австралија, Радио Илинден - Мелбурн. Интервјуто наместо планираниот еден час, траеше повеќе од два часа поради огромниот интерес на нашите браќа и сестри во Австралија за состојбите во Татковината од осамостојувањето во 1991 година до денешно време. Притоа, претседателот Бачев исцрпно одговараше на бројните прашања на водителот и слушателите во нивните директни јавувања, бидејќи интервјуто беше реализирано во живо. Во продолжение следат извадоци од интервјуто преземени од вебсајтот на Радио-Илинден.

Слушателите на Радио Илинден, Мелбурн и пошироката јавност во Австралија имаа единствена можност да се запознаат со досега неоткриени  детали за голем број на настани и процеси во последните 20 години во Македонија.

Јанко Бачев – по професија е дипломиран правник. Негова потесна специјалност се меѓународното право и меѓународната политика. Во 1994 година се вработува во МВР – Управа за безбедност и контраразузнавање. Започнува како инспектор, a понатаму ги поминува сите други скалила на унапредување  во самостоен инспектор, главен инспектор, па  се до началник во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во 2001- ‘02 година  со група истомисленици ја формира НДМ (Народно движење за Македонија) и е нејзин претседател во моментот. Ја напушта МВР поради  како што вели тој ‘увид на многу предавства во македонскиот државен врв‘. ОД АСПЕКТ НА ЈАНКО БАЧЕВ  Распадот на Југославија и создавањето на самостојна суверена Македонија – 1991 Киро Глигоров беше со цел да го спречи осамостојувањето на Македонија. Овие и голем број други важни податоци за ситуацијата во Македонија  се уште се цензуирани – прикриени од јавноста. Според Бачев, во Македонија се уште се гради т.н мит за ликот на поранешниот претседател Киро  Глигоров. Тој во тоа време беше претставен, гледан од народот како креатор, спасител на новосоздадената самостојна, суверена Македонија . Во таа ситуација на распад на некогашна Југославија, преовладуваше нерешителност, збунетост за тоа што со Македонија. Вистината е дека Киро Глигоров беше против осамостојувањето на Македонија по распадот на СФРЈ (1991) . Но за среќа светските прилики тогаш налагаа и имаа за цел да по распадот на Југославија, се формира независна, суверена Македонија . И самиот Киро Глигоров не беше сигурен  што да направи во таа ситуација односно што е најдобро за Македонија.  Во земјата преовладуваше една перфидна  теза дека  ‘не е испукан ниту еден куршум, дека нема ниту една жртва а сепак фактите кажуваат дека имаше 50 загинати македонски војници. Дури кога се беше јасно од аспект на светското мнение за иднината на Македонија, Киро Глигоров во парламентот  пренесе дека ‘Македонија е се што имаме‘ . Така за среќа на светските процеси во тие моменти а против вољата на тогашниот државен врв, Македонија ја доби својата независност.  Криминалната приватизација во самостојна Република Македонија. На прашањето од водителот Дончо Ангелоски за криминалната приватизација, Г-динот Бачев рече дека на Македонија и се случи страшна криминална приватизација.Македонија се определи за модел на приватизација која од 25% од пост – комунистичките земји се спроведе само кај нас и Азербеџајн. КОС (сојузна служба за државна безбедност) во 1989 година направија пеколен план после распадот на СФРЈ. Тие успееја, нивните најистакнати соработници и кодоши да ги трансформираат од комунисти во капиталисти. Целото општествено богатство им го даваат на група од 10 личности- олигарси.  Како што е познато во социјализмот сите фирми создавани од народот беа во општествена сопственост а сега преминаа во раце на  десетина бандити – олигарси. Г-динот Бачев, како  пример за општественото приграбување ,ја посочува понудата од фирмата Кока-кола. Оваа фирма имала понуда од 100 милиони марки за Скопска пивара во 1990 година. Киро Глигоров и Стојан Андов не ја прифатиле. Претходно дозволија  откуп од 4 милиони марки од страна на менаџерскиот тим на Скопска пивара. Средствата беа  обезбедени од приходот на вработените во фирмата. Во тоа време оваа сума значеше многу за економската стабилност на земјата. До 1998 година, остваруваа приход и кога пред изборите  ВМРО-ДПМНЕ најави ревизија, менаџерскиот тим, Свето Јаневски се уплашија. Љубчо Георгиевски јасно укажа дека ако победат ќе спроведат ревизија. Така тоа ги натера да го продадат управувачкиот пакет за 34 милиони, пак на Кока-кола. Значи ја присвоија бесплатно  општествената фирма од позиција на газди и парите завршија во нивните џепови. Се случи и победата на ВМРО-ДПМНЕ. Од најавената ревизија не произлезе ништо . тие државни структури не презедоа никакви активности да ги трансформираат приватизацијата, реформите на тајните полиции. Напротив се одеше на тоа да се оформи олигарска елита – да се дојде до лично богатење. На прашањето од  уредникот Дончо Ангелоски, дали за се е крива владеачката партија, Бачев одговара дека кривичните пријави се чуваа во фиоките. Приватизацијата беше одобрена каква и да е и да се оди напред. Во периодот март-јуни, 1999 година, биле приведени 42 директори за крупни криминални активности. Сите тие преку ноќ се ослободуваа. Акциите и пријавите против нив не се процесуираа. Бандитите си ја купија слободата и кај ВМРО-ДПМНЕ. Војната во 2001 и повторно враќање на СДСМ  во 2002 година Рамковен договор со кој Македонија е обезличена Според Бачев, причина за војна во Македонија беше внатрешното  неединство меѓу големите партии, злосторства, предавства. Се формира Влада на национален став и големите партии  ги поделија ресорите. Од овие причини тој и решава да го напушти МВР. Се случи и Рамковниот договор на 15 август, кој според  Бачев е трауматичен за македонската национална свест. Македонија во преамбулата на уставот е мешавина од етнички заедници.Во тој период  кога се направи влада нанационален спас  Љубе Бошковски и Владо Бучковски, ги држеа најважните ресори за внатрешни работи и одбрана.Војната е изгубена како резултат на тие предавства. Покојниот претседател, Борис Трајкоски, немаше јака визија  ниту храброст да ја брани Македонија. Не успеа како командант на армијата на Македонија да ги спречи албанските терористи кои во почетокот не беа прифатени ниту од албанското население. За иронијата да биде уште поголема, негов советник за воени прашања беше 25 годишниот Никола Димитров, млад и неискусен. Од сите овие причини , војната за Македонија беше поразителна. Многу невообичаено е тоа што Македонија , земја со 20 000 војска да не може да победи 500 терористи. Јасни знаци за тоа дека безбедноста на Македонија беше одвнатре поткопана. Македонија  не извлече поука од минатогодишните искуства и не се зборуваше со еден глас надвор од земјата. Влезот во ОН и владеењето на Киро Глигоров 1993 Во 1993 година беше дозволено Македонија да биде примена  во ОН  но  под  усвоеното привремено  име ФИРОМ. Тоа дојде поради неподготвена стратегија од страна на државното раководство и Киро Глигоров. Киро Глигоров прифати било какво име со ветувања и доволно јаки причини дека во Македонија ќе биде подобро. За жал тоа не се случи, напротив , беше голема грешка  со огромни последици. Во Македонија не дојде до никакво подобрување. Влегувањето на Македонија во ОН се случи повеќе од лични причини на самиот претседател Глигоров. Тој со тоа сакаше да биде забележан во историјата како прв човек кој ја внесе Македонија во ОН и како прв македонски претседател кој се обрати на Македонски  во ОН без разлика што тој прием беше без уставно и содржајно правна основа со како што налага меѓународната процедура да бидеме примени како Република Македонија. Ако за промена на знамето се направи Атентат, за спроведување на охридски договор се случи војна, со териоторијалната поделба – добивме признавање од Америка под уставното име,  што  се очекува да се случи за името? Имаше меѓународни влијанија. Проблемот со знамето не било проблем во Грција, но гледајќи ја таа попустливост  на македонската влада , грчките разузнавачките служби проценија  и препорачаа да го отворат и тој предмет за менување на знамето. Македонската влада не беше спремна да ги брани националните интереси - немаа капацитет да одговорат на притисоците.па дури и македонското знаме не беше развиорено кога се примаше Македонија. Атентатот над Киро Глигоров остана до ден денес е голема енигма. Сите тие силни најави дека има отворен истрага. Тоа не е точно . МВР ја  дерегистрира таа акција што се води за расчистување на атентатот . Изненадени сме дека всушност таа акција се дерегистрирала што значи не е интересна повеќе и не се спроведува. Народно движење за Македонија - Се залагаат да не дојде до промена на името Каква стратегија подготвува Народно движење за името? НДМ за Велигден  подготвува сто илјади  примероци со стратегија за неменување на името. Таа ќе биде објавена  во  три дневни македонски весници, преку дебата и во краен случај ако не успее, ќе го повикаат народот. Моментно во земјата се води хајка против македонскиот народ за промена на името. Потребно е  Врвот да  ги сосече в корен и никнатите антимакедонски дебати . Во Резолуцијата 713 во Советот за безбедност не стои дека треба да се преговара за ново име, туку да се разговара за надминување  на разликите со Грција. Преговорите се во ќорсокак и во Резолуцијата стои дека  Македонија може да ги прекине преговорите во секое време. Не е приморана до бескрај да преговара. Влијателните земји во ЕУ сакаат повеќе да ја скршат Македонија, како Франција, Германија, Англија. Но најмногу поддршка добиваме од Америка како светска сила. Иако изјавуваат дека Македонија мора да преговара и да направи компромис, нејзината вистинска политика –се води зад завесите, со помош на нивните моќни безбедносни служби. За жал многу работи од кои страда денес Македонија е резултат на тие внатрешни стратешки промашувања на македонските политички  елити, а не како што повеќе се вели од надворешни  влијанија.Нема сомнение дека македонскиот народ ќе го одбране уставното име. За планот на ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ – според Бачев, неговиот план за името  е во фази и се вели дека треба да се промени името. Прво да се најде прифатливо име, да се промени а после за идентитетот. Сосема спротивно на залагањата и стратегијата на НДМ. НДМ укажува  дека се додека  Владата на чело со Г-динот Никола Груевски се залага за одбрана на името, ќе  ја имаат нивната поддршка. За денешното ВМРО-ДПМНЕ Бачев вели: ‘денешното ВМРО-ДПМНЕ, не можете да го препознаете‘.Вистинските вмровци, ентузијасти од деведесеттите, се на улица. Додека пак сите пребегани од СДСМ, ги зазедоа голем дел од позициите на владеачката партија. Залагања та на НДМ беа – да не се чепка во името, да се реформираат тајните служби, и спроведе лустрацијата . Заради тоа што нивните предлози за овие важни работи не беа земени во предвид и не се остварија,  се одлучија на излегување  од коалиција.Посебно законот за лустрација кој беше бомбастично најавуван, не се остварува. Заради тоа се уште новинари, кодоши да го креираат јавното мислење, луѓе креации на тајната полиција,водат политички партии,  академци да пишуваат фалсификувана историја, Од тие 20 политички партии во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, 7 се креации на тајната полиција. За жал законот за лустрација не дозволува да се лустрираат ваквите луѓе. Интересен е фактот што денес  клучните кодоши  ги вршат клучните позиции. 260 функционери добиле тапија дека не сорабоутвале во тајни служби. Во законот за лустрација требаше да се извадат соработнички досиеја на новинари,академици, политичари. Во Законот за лустрација навистина требаше да се направи одредба за  морална осуда на сите кодоши, оние кои соработувале со такви служби. Најмногу се плашат пребеганите од СДСМ во владеачката партија. Службата за јавно обезбедување во минатото требаше да работи повеќе на обединување на македонската дијаспора но наместо тоа  ги држи поделени македонците меѓу себе. Затоа е потребно да се расчисти со тие стари структури и за жал работите ќе се случуваат како пред 20 години. За Досие ‘кенгур‘-  Иван Соколов Подоцна се покажа дека во тие досиеја на наши македонски екстремисти не беше јасно зошто беа под истрага и после тоа тие станаа и соработници на службата за државна безбедност. Оперативните акти за дијаспората ги имаше го голем број. ‘Кенгур‘се врати во Македонија.Трагично е тоа што се правеле вакви гонења против нашите внатрешни екстремисти. Власта, дипломатите се повеќе се во контакт и соработуваат со удбашите во дијаспората, и таквите се поставуваат на значајни функции .Зошто е тоа така. Би било добро да не се гледаат партиите помеѓу себе како непријатели. Сите служби треба да бидат поставени како што предвидуваат Уставот и Законите во државата. Се прават напори сеуште да се контролираат наши македонци – екстремисти во дијаспората. Сега уште повеќе ќе бидат под контрола, под особен интерес на кодошката мрежа. За жал тоа не е во интерес на македонските национални интереси туку за политички цели.  Дипломатите  и власта, очигледно  одат против сопствениот народ со ваквите постапки, односно приближување, соработка со т.н шпиони и удбаши.  Секако дека тоа не е во интерес на македонските интереси, туку повеќе за политички поени. За жал ќе има силни пропаганди бидејќи се први избори.  Исто така смешно е тоа што се избираат само тројца кандидати за пратеници од дијаспората. Зошто не му е дадено право на глас за  референдумот  е чист  пример кој покажува дека ваквите решенија кои се донесуваат за дијаспората не се искрени. На Македонија и недостасува стратегија .Ниту МАНУ немаат излезено со стратегија за развој на Македонија. Во тој редакциски одбор има се само не Македонци, па нема ни што да се очекува, посебно со пишувањето на новата енциклопедија. Државата е таа која треба да биде водена од своите национални интереси, и да го организира македонското иселеништво да делува во интерес на Македонија. Без спроведувањето на таа ревизија  за таа криминална приватизација туку дозволено е неколку бандити да го украдат цело македонско богатство. Предложено е до премиерот Груевски да се направи нешто повеќе на тој план да се отворат фабрики во околните земји  од страна на тие бандити . Исто така да вработат голем дел од нашето население кои би биле големи борци за македонските интереси. Наместо тоа нашите политичари ги прават посетите во дијаспората  за длабока политизација на Македонците и добивање политички поени. Наместо да се створи една вистинска мрежа во дијаспората, да се изберат вистински луѓе за активно работење во интерес на Македонија, се спроведуваат спротивни акции од страна на Владата. Знак дека Македонија оди во негативна насока. Длабоки поделби во Македонија, посебно за името. Не седнуваат Бранко и Никола да се договорат за едни стратешки решенија и тоа би било многу позитивно и мотивирачки за цела македонска дијаспора и нејзино обединување. Апел до сите – да проработат за политичкото единство.  Неединството во земјата им оди во прилог на евроските центри што секогаш биле непријателски расположени спрема Македонија и работеа на нејзина поделба. Европските разузнавачи во Македонија, му пишуваат на Хавиер Солана дека референдумот нема да успее и дека македонско население има само  200 илјади Македонци а друго не се знае што е.Информации засновани на поделбата на партиите кои излегуваа со спротивни кампањи за референдумот.  Од ова интервју јасно произлегува фактот дека  е крајно време да се покаже голема одговорност и сериозен пристап кон креирањето на јасни визии и стратегија за нашата држава. Од тоа во голема мера ќе зависи развојот, просперитетот и успехот на Македонија и Македонците. Посебно треба да се обрне внимание и да се земат во предвид сите  предлози, сугестии  од страна на засегнати политички партии, организации и  македонскиот народ вклучувајќи ја дијаспората . Дијаспората од Австралија енергично и со загриженост укажува на вакви и слични пропусти во водењето на државата и кои треба да се избегнат. Посебно се согласуваме и ги охрабруваме нашите најголеми политички партии на единство и заедничка продуктивна соработка. Тоа е далеку од потребно за натамошна мотивација на разочараниот македонски народ кој како да е затворен во круг и очајно посакува да најде излез од  тешката ситуација со пренатрупани проблеми на секое поле. Само така и на тој начин , Македонија ,  ќе го прекине тоа ‘децениско‘назадување и ќе тргне по правиот пат.  Интервјуто траеше 2 часа и изразуваме голема благодарност до Г-динот Јанко Бачев за исцрпните информации и одговори на поставените прашања од страна на слушателите на Радио Илинден, Мелбурн.