Спорот за името може да се реши со правни механизми


14.10.2011 | 13:59:43 | Интервјуа


Спорот за името може да се реши со правни механизми

14.10.2011 (петок) Интервју на Претседателот на НДМ, проф.д-р Јанко Бачев за Радио Илинден Мелбурн (новинар: Дончо Ангелоски)

Веднаш да кажам дека е созреан моментот македонската влада да поднесе барање до ОН, за да го оствари своето право да биде нарекувана Република Македонија во рамките на ОН. За остварување на ова барање, на Македонија и стојат на располагање повеќе начини. Затоа, со цел да се оствари барањето за тоа дека Македонија сега треба да биде нарекувана Република Македонија во рамките на ОН, Македонија мора да посочи дека привременото важење на резолуцијата 817 на СБ е истечено или изминато.

„Веднаш да кажам дека е созреан моментот македонската влада да поднесе барање до ОН, за да го оствари своето право да биде нарекувана Република Македонија во рамките на ОН. За остварување на ова барање, на Македонија и стојат на располагање повеќе начини. Затоа, со цел да се оствари барањето за тоа дека Македонија сега треба да биде нарекувана Република Македонија во рамките на ОН, Македонија мора да посочи дека привременото важење на резолуцијата 817 на СБ е истечено или изминато.

Македонското барање треба јасно да кажува дека нема за цел да ги повикува Советот за безбедност или Генералното Собрание на ОН да заземаат ставови во врска со членството, туку дека, со оглед на тоа дека преговорите предвидени со резолуцијата 817 стигнале до мртва точка и не се способни да доведат до солуција во врска со прашањето со името, Македонија го користи своето суверено право да биде нарекувана Република Македонија во ОН. Дотолку повеќе што Македонија со резолуцијата 817 не се обврза самата себе да постигне спогода за решавање на спорот со Грција, ниту пак документите на СБ рефлектираат таква обврска. Резолуцијата 817 на СБ само ги повикува и ги охрабрува страните (Македонија и Грција) да постигнат брзо решавање на нивните разлики!

По речиси дваесетгодишни напори, страните не се поблизу до решавање на спорот и затоа може да биде изведен аргумент дека Македонија со првичното поставување на проблемот пред Арбитражната (Бадинтеровата) комисија на ЕУ и потоа на Управниот комитет на Меѓународната Конференција за Поранешна Југославија и добрите услуги на генералниот секретар на ОН, ги исцрпи т.н. локални средства на меѓународната заедница и сега е слободна проблемот да го решава по свое наоѓање. Значи, Македонија треба да се повика, дека привремениот разумен период одреден со резолуцијата 817 е изминат, бидејќи оваа резолуција претставува процедурална пречка за барањето на Македонија да биде нарекувана Република Македонија. Впрочем, на секој во Македонија и на странците им е јасно дека 20 години е многу повеќе од разумен период за решавање на едно прашање„!

Повеќе од интервјуто на претседателот Бачев на следниот линк