Иднината на Македонија е со Русија и Евроазиската Унија


08.06.2018 | 21:18:12 | Интервјуа


Иднината на Македонија е со Русија и Евроазиската Унија

Интервју, Единствена Македонија Мирослав Божиќ, претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Карпош  Скопје, 8 јуни 2018

Интервју со Мирослав Божиќ, председател на Општинскиот Комитет на најпознатата македонска општина Карпош (општина на Град Скопје) за српското списание „Идентитет“ со новинарот Предраг Миливојевиќ.

Самиот назив Единствена Македонија алудира на Путиновата Единствена Русија. Дали постои и конкретна поврзаност помеѓу овие две партии? Од кои причини е формирана Единствена Македонија? Кои се вашите основни начела и насоки?

Партијата Единствена Македонија настапува под овој назив од јануари годинава и во многу нешта наликува на сестринска партија на Путиновата Единствена Русија. Тоа може да се види во самото име, но и во симболите на партијата. Руската партија ја користи руската мечка, додека македонската партија го користи лавот како националниот симбол на Македонија и Македонците. Значи, поврзаноста помеѓу тие партии постои и во самите симболи, но исто така постои и во разноразните ставови и идеали кои ги следат двете партии.

Каква е вашата економската програма, на што се базира, и на кој начин би можеле да го зголемите стандардот на граѓаните на Македонија?

Економската програма, воглавно, се ориентира кон членството на Македонија во Евроазиската Унија со што Македонија би добила директен пристап до сите ресурси и останати добра и роби на пазарот на Евроазиската Унија по многу поповолни цени. Значи, нафта, плин и останати ресурси кои се многу скапи во западниот, а евтини во источниот свет, би биле ѝдостапни на Македонија и на останатиот регион по многу поповолни услови.

Каков е вашиот став во однос на религија и како гледате на тоа што МПЦ побара од БПЦ да ја призна нејзината автокефалност? И во самата Македонија можеле да се слушнат одредени гласови дека тоа e (уште еден) чекор кон бугаризација. Дали вие го делите таквото мислење и како гледате на македонско-бугарскиот однос, како и на фактот дека сè повеќе граѓани на Македонија зимаат бугарско државјанство?

Кога станува збор за црквата, треба да се напомене фактот што е срамота за православното христијанство што, и покрај тоа што Охридската Архиепископија како прва православна црква во светот со Апостолот Св. Павле, сепак не е признаена од останатите православни цркви. Не може една црква да ѝ биде мајка на друга црква кога таа другата црква е постара од таа којашто сака да биде мајка. Исто така, треба да се земе предвид дека македонските манастири и свештеници се воглавно пробугарски бидејќи профитираат на одреден начин од тоа да заземаат ставови кои ѝ одат во прилог на бугарската православна црква. Тоа може да претставува уште еден чекор кон бугаризацијата на Македоније покрај оној факт што сè поголем број Македонци зима бугарско државјанство само поради пасошот и поволни и олеснати услови за движење во самата Европска Унија, но и надвор од неа како официјални граѓани на Европската Унија. Меѓутоа, непознат е фактот што Бугарија, во случај на НАТО офанзива со Русија, прво ќе ги прати „новите“ Бугари, па дури после оние вистинските. Исто така, јас лично се залагам во партијата Единствена Македонија да им се одземе државјанството на сите Македонци коишто го зеле бугарското државјанство од чисти економски причини.

Познато е дека Грција го оспорува официјалното име на вашата држава. Дали гледате решение за тој проблем? И како гледате на Егејска, осносно Пиринска Македонија?

Проблемот со името и не е проблем, туку служи само како параван на големиот страв од грчката страна дека Македонија би си ги вратила своите територии кои ѝ биле присилно одземени со воените интервенции на грчката армија и нејзините сојузници во граѓанската војна од 1946-та до 1948-ма година. Партијата Единствена Македонија се залага, пред сè, за обединување на македонскиот народ, како во Македонија така и надвор од нејзините граници. Постои и реална можност Македонија повторно да се обедини во старите односно природните етнички граници кои ги опфаќаат Егејска и Пиринска Македонија како и еден мал дел во Албанија.

Кратко по војната на Косово, избувнаа и судири во Македонија. Каков е вашиот став во однос на војната во Југославија и нелегалното прогласување независност на Косово? Како гледате на односот на Македонците и Албанците во иднина - дали постои шанса за израмнување на односите или дали постои страв дека односите дополнително би можеле да се влошат??

Познато е дека војната во Југославија беше голема желба на западната елита на која Југославија ѝ беше трн во окото во многу погледи. Македонија, како и Словенија, беше единствената земја којашто успеа да се извлече од војната и да прогласи независност на национален референдум без крвопролевање. Независноста на Косово за македонскиот народ секогаш ќе биде фиктивна и нереална. Српската влада треба да разбере дека Македонија беше принудена од албанското малцинство и западната елита да ја признае независноста на Косово. Државни претставници на Србија, секогаш кога станува збор за Македонија, покажуваат дека тој факт сè уште не го разбрале, дека поради тоа чувствуваат омраза кон Македонија и македонскиот народ и дека навистина смета дека тоа беше искрената волја на Македонија и Македонците. Односот помеѓу Македонците и Албанците никогаш не бил добар. Не може едно малцинство да се однесува како газда во туѓ двор. Тоа малцинство не ја напушта Македонија поради планот Голема Албанијаа којшто е план на западната елита за поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија. Тие не плаќаат даноци, немат дозволи за градба и работа. Едноставно живеат на товарот на државата. Кога погледнете, например, список на Управата за Јавни Приходи  на луѓе коишто ѝ должат пари на државата, ќе видите дека 90% од тие луѓе се токму Албанци. Едноставно живеат живот како да не се во Македонија, а тоа западот го толерира. Тука никогаш не може да има слога, мир, хармонија - дури напротив, тука треба повторно да избувне судир како оној во 1999-та и 2001-та година којшто овојпат ќе биде краен и решителен. Сите Албанци коишто не се идентификуваат со Македонија како нивна матична држава, по мое мислење, треба да бидат протерани во Албанија како нивна единствена матична држава како што самите и наведуваат.

Како гледате на Србија и српскиот народ? Дали го делите мислењето дека народите на Македонија и Србија делат не само заедничка историја, туку и заедничка иднина?

Партијата Единствена Македонија сака да има добри односи со сите словенски држави, особено со оние коишто ѝ се блиски како што е Србија. Македонија и Србија делумно делат заедничка историја, но тоа не ги спречува да развијат подобри односи коишто се базираат на сесловенското заедништво во однос на јазикот, културата, традицијата, историјата итн. - кратко кажано, во однос на нашиот словенски ген. Иднината не само на Македонија, туку и на Србија и на останатиот регион на Балканот е во партнерството со Русија и Евроазиската Унија бидејќи истокот е новиот запад.

Познато е дека се залагате за воспоставување силни односи со евроазискиот блог, првенствено со Русија. Дали сметате дека таа опција може да ги засили силите кои предност им даваат на Европската Унија и на НАТО? Дали во таа борба гледате потенцијални сојузници на македонската политичка сцена и како гледате на сегашното македонско раководство? Изминативе месеци ширум Македонија сте отвориле општински комитети.

Партијата Единствена Македонија во Русија го гледа најголемиот партнер когошто воопшто може да има. Русија е најголемата и најсилната сила во светот во сите погледи. Европската Унија и НАТО немаат никаква сила, всушност и самиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во едно негово интервју лично изјавил дека НАТО ниту за 30 години нема да ја поседува таа воена опрема којашто денес ја поседува Русија. Партијата Единствена Македонија, покрај партнерството со Русија, сака да има и соработка со европските партии коишто ја делат истата проруска и ЕУ-скептична идеологија – тоа се партии како што се „Алтернатива за Германија (AfD)“ на Александар Гауланд во Германија, „Народен Фронт“ на Марин Ле Пен во Франција, „Партијата за Слобода“ на Герт Вилдерс во Холандија, „Лига“ на Умберто Боси и Матео Салвини во Италија, „Фидес“ на Виктор Орбан во Унгарија и многу други. Сојузници ќе има и во самата Македонија кадешто партијата Единствена Македонија ќе има соработка со останатите помали партии во однос на идеологијата како што е партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева. Сегашното македонско раководство е поставено од страна на ЕУ и САД и нивните служби за планот Голема Албанија т.е. уништување на македонската држава во сите погледи. Партијата Единствена Македонија, откако се ребрендирала во јануари годинава, може да се пофали со бројни важни достигнувања како што е отварањето на 55 општински комитети од вкупно 80 општини во Македонија.

Кој е тој профил на луѓе коишто Ви приоѓаат и дали планите да отворите комитети во дијаспората? За крај, кои се вашите планови и кои се вашите очекувања за оваа година?

Луѓето кои ѝ приоѓаат и пристапуваат на нашата партија Единствена Македонија се воглавно луѓе коишто се изморени и разочарани од политиките на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сиве овие 27 години од независноста. Луѓето сакаат нешто ново и изречно се против влезот на Македонија во Европската Унија и во НАТО бидејќи гледаат како новите членки како што се Романија, Бугарија и Хрватска поминуваат во нив. Во иднина ќе се отвораат комитети и во дијаспората т.е. во Европа, САД и во Австралија. Плановите на партијата Единствена Македонија се да стане новата народна и легитимна власт во Македонија и да ѝ го врати стариот сјај и углед во светот.

Ви благодарам на издвоеното време за нашето списание и Ви посакувам многу среќа во понатамошната работа.

Ви благодарам и вам во името на раководството и членството на партијата Единствена Македонија на издвоеното време и простор за овој интервју. Ми беше голема чест да одговорам на сите ваши прашања и се надевам на идна соработка. Секое добро Вам и на вашето списание „Идентитет“, и до скоро видување.