Бачев за „Македонија 365“: Влијанието на Русија на Балканот допрва доаѓа


04.03.2018 | 06:20:20 | Интервјуа


Бачев за „Македонија 365“: Влијанието на Русија на Балканот допрва доаѓа

Интервју на претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Јанко Бачев за „МАКЕДОНИЈА 365“, недела, 4 март 2018. Линк до интервјуто тука

Со универзитетскиот професор и претседател на партијата „Единствена Македонија“ д-р Јанко Бачев разговараме за идејата да ја ребрендира партијата од „Народно движење“ во „Единствена Македонија“ и за руското влијание на Балканот; за влошувањето на американско-руските односи, како и за опасноста од нова војна и во тој контекст за потребата од радикален  пресврт на македонската политика.

MAKЕДОНИЈА 365: Професоре Бачев, зошто од „Народно движење за Македонија“ одлучивте да се ребрендирате во „Единствена Македонија“?

– Ние како централен комитет на „Народното движење“ на 21 јануари 2018 година донесовме две важни одлуки. Едната е да ја преименуваме партијата, а другата од аспект на државата е исто така силна и храбра одлука: се залагаме за радикален пресврт во македонската политика.

MAKЕДОНИЈА 365: Што значи радикален пресврт и радикална политика?

– Радикалното се однесува на  прекин на преговорите и барањето за членство во ЕУ и НАТО и наспроти нив  стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

MAKЕДОНИЈА 365: Вие сте речиси два месеца на патување низ Македонија: Каква е состојбата на терен? Што мислат граѓаните за пристапот кон ЕУ, а што за вашиот предлог?

– Да токму така. Токму овие посети, патувања и средби ме наведоа на тоа да ги зацврстиме нашите цели кои, во сушност, потекнуваат од барањата на македонскиот на род и од поголем дел од малцинствата. Слободно можам да кажам дека оние владини и европлатени агенди за божемната волја на македонскиот народ за пристап кон ЕУ се една голема лага. Тоа е една наменска пропаганда  на овие странски ментори, пред сè од Сорос и од американските амбасади. Наспроти ова, ние сега гледаме една обратна слика на терен: еден голем и огромен интерес на македонскиот народ за стратешки сојуз со Русија.

MAKЕДОНИЈА 365: Во што ја гледате  опасноста по Македонија и каде го проноѓате решението?

– Опасноста од патот кон ЕУ и НАТО е очигледна, па оттука изборот да се биде свој на своето е повеќе од потребен. Македонија мора да најде сојузник врз кој ќе се потпре, за да го зачува своето име, својот јазик и својот идентитет. Среќа во несреќа кај нас е што имаме две јасни позиции на големите партии за членство во ЕУ и НАТО и велат дека немало друга алтернатива. Заслепени од таа нивна агенда (не) свесно влегуваат во една унија каде важат т.н. либерални вредности, а кои во сушност ни го одземаат не само суверенитетот, туку и идентитетот и нашите семејни вредности.

MAKЕДОНИЈА 365: Неколку пати изразувате сомнеж и одбивност кон т.н. либерални европски вредности. Како ги толкувате тие вредности и зошто сте противите на нив?

– Изразувам јасна одбивност и сомнеж кон тие модерни либерални вредности кои ќе значат хомосексуалност, истополови бракови и посвојување на деца за истополови бракови. Во таа евроунија и атлантски сојуз треба да влеземе и без име и без јазик и без македонски културни обележја. Тоа не е нашиот пат.

MAKЕДОНИЈА 365: Со „Единствена Македонија“ недвосмислено потсетувате на „Единствена Русија“  и оттука веројатно и го градите вашиот имиџ како нејзина сесстринска  партија, тежнеејќи кон членка на Евроазиската економска унија, што ќе рече сојуз со Русија? Кои се предноститте и можните придобивки  на тој пат, ако е спротивен на ЕУ и НАТО?

– Да, тој наш стратешки пат со Русија и соЕвроазиската економска унија е сосема спротивен и во наша полза. Тука се безбедни нашите традиционални македонски и семејни вредности. Тука е нашиот религиски интегритет, сочувување на македонскиот територијален суверенитет, сочувување на милениумското име Македонија, унитарноста на дравата и одбрана на сè она што значи национален интерес на Македонија и на Македонците.

MAKЕДОНИЈА 365: Во вашата промотивна кампања се вклучија и двајца високи гости од Единствена Русија? Што значат имињата на Александар Дугин и Леонид Савин во руската и светската политика?

– Ние  сме среќни што претседателот Путин  ги прати високите гости, своите први советници да ја промовираат новата руска политика и новата геостратегија, конкретно и предностите на Евроазиската економска унија. Имињата на Александар Дугин и Леонид Савин сами по себе зборуваат. Тоа се главните советници за безбедност и геополитика. Тоа што се советници на Владимир Путин подразбира дека се светски угледни политички експерти и стратези за почит.

Ние се радуваме и го чувствуваме како чест ова наше заедничко дружење низ Македонија, а сме среќни и со настапот на Владимир Путин кој за неколку пати во изминатив месец повтори дека секој напад на руските пријатели е напад врз Русија и оттука Русија ќе се спротивстави жестоко како во одбрана на руските интереси ккао и на интересите на нејзините сојузници и пријателски земји – членки на Евроазиската Унија.

Така што сега на нас останува да го примиме тоа како самодоверба и цврст доказ за нашата безбедност. Останува значи, да го склучиме стратешкиот сојуз со Русија и да го обезбедиме опстанокот и просперитет на државата Македонија. Новата легална власт на „Единствена Македонија“ ќе го направи тоа.

MAKЕДОНИЈА 365: Последниве месеци евроатлантската булдожер дипломаија  постојао е во Македонија со цел да  ги отстранат пречките за побрз влез во овие евроатлантски сојузи. Им се брза ли ним заради Македонија или имаат свои интереси?

– Ние како „Единствена Македонија“ не можеме да се бориме против НАТО, ЕУ и Сорос, но сега за нас е среќна околност за нас Македонците што наскоро ќе има геополитички поместувања на Балканот. Влијанието ќе се менува и во тие политчики игри помеѓу главните светски сили Америка и Русија, ќе преовлада влијанието на Русија.

MAKЕДОНИЈА 365: Кој е, значи, предизвикот на Македонија и на македонските политичари?

– Токму тоа. Руското влијание и нашиот стратешки сојуз со Русите. За полесно да ги оствариме нашите цели  и нашата стабилна и политичка и економска и безбедносна иднина, како со името и идентитетот, така и со малцинствата, посебно со Албанците и со македонската иднина, вопшто…

MAKЕДОНИЈА 365: Доаѓаат геополитичките поместувања или можеме да кажеме Русите доаѓаат?

– Навестувањето на геополитички поместувања не значи само дека доаѓат Русите, туку и Американците.

MAKЕДОНИЈА 365: Дали е на повидок ново затегнување на американско-руските односи. Можно ли е да дојде до посериозен воено-политички конфликт?

– Па, не би сакал да ги плашам луѓето, но, да, тоа може да значи и војна или барем нови методи на војување меѓу двете светски суперсили.

MAKЕДОНИЈА 365: Што би им порачале на  Македонците и на народот на Македонија? – Јас можам само  да кажам  следното: Македонци, бидете спокојни. Ќе има големо геополитичко поместување на Балканот. Руското влијание ќе биде огромно и во наша полза. Македонија ќе тргне во една многу подобра насока. Новата македонска власт на чело со „Единствена Македонија“  ќе ја направи Македонија држава која ќе ја красат една суверена и независна земја – своја на своето.

Македонија 365                                                                                                                              Д.Д.