Единствена Македонија: Зоран Заев е кукавица и плашливец кој нема храброст да го испита злосторството кај Вејце од терористите од ДУИ


29.04.2021 | 11:34:03 | Соопштенија


Единствена Македонија: Зоран  Заев  е кукавица и плашливец кој нема храброст да го испита злосторството кај Вејце од терористите од ДУИ

Зоран Заев под закрила на своите странски ментори покажа храброст со бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Зоран Заев и вчера на годишнината од настаните во Собранието на 27 април гордо ликуваше на нарачаните осуди на уставобранителите на затворски казни повеќе од два века.

Заев во иминатите години храбро се залага за масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваа инволвираните Албанци во овие случаи.

Но, Зоран Заев е кукавица и плашливец кога се работи за испитување на случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Вејце, Карпалак, Љуботенски пат... а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат. За овие случаи, од страна на Заев целосен молк.

И по повод годишнината од масакрот кај Вејце во кој осуммината македонски бранители беа ѕверски убиени, Заев нема храброст најпосле да започне со расчистување со еден од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја.

Расчистување на сомнителното загинување на македонските бранители и одговорност мора да има. Расчистувањето може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција постои оперативен документ насловен како „Сознанија за громорозното убиство во с. Вејце, Тетовско заведен под ев. број 470 од 13 ноември 2001 година од кој се гледа дека убијците на македонските бранители седат рамо до рамо со Зоран Заев во локалната извршната и законодавната власт.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 29 април 2021

Скопје 1

Новости