Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има


27.04.2021 | 10:08:36 | Соопштенија


Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја. Македонски патриоти на 27 април влегоа во собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица.

На 27 април било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова на своевиден начин е потврдено при давањето на мандат за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност.

На 27 април осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните зандани на Идризово само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Во 2001 година имаше слобода за припадници на албанското малцинство за напад на територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Сега имаме спротивна ситуација, бараме слобода на лица кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Единствена Македонија како и македоснкиот народ знае дека марионетската власт во Скопје ги осуди лицата за 27 април со лажен заштитен сведок Ц1. Одговорнот мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 27 април 2021 година

А1 он

Скопје 1

Новости

Грид

Дејли