Единствена Македонија: Потсвеста е чудна работа, СДСМ призна дека за осудените за 27 април нема тероризам


26.04.2021 | 09:41:53 | Соопштенија


Единствена Македонија: Потсвеста е чудна работа, СДСМ призна дека за осудените за 27 април нема тероризам

СДСМ на вчерашната прес конференција како реакција на големиот народен протест истакна дека народот протестирал за одбрана на насилство квалификувајќи ги осудените за 27 април како насилници.

Го прашуваме СДСМ, ако е така, тогаш зошто лицата за 27 април не се судени за насилство кое е многу полесно кривично дело со пропишана казна во траење колку и досегашното четиригодишно лежење во затворските зандани.

Паднаа маските. Потсвеста е чудна работа. СДСМ потсвесно призна дека лицата за 27 април се осудени за наменско кривично дело тероризам, бидејќи самите на пресот рекоа дека имало кривично дело насилство.

Настрана фактот што лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен заштитен сведок по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Правно гледано, во Република Македонија монтираните судски процеси со лажен заштитен сведок се забранети. Одговорност мора да има, и ќе има.

Ја користиме приликата да упатиме благодарност до преку 20.000 кои дојдоа на собирот како и до сите кои даваат подршка на неправедно осудените за 27 април со што се враќа надежта за Македонија, таква каква што ја сакаме.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 26 април 2021

Медиуми:

Скопје 1

Макфакс

Утрински весник

Новости

Грид