Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Талат Џафери и заразените пратеници со скафандери


19.04.2021 | 11:52:25 | Соопштенија


Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Талат Џафери и заразените пратеници со скафандери

Вчерашното симптоматично однесување на Талат Џафери и заразени пратеници со скафандери во Собранието отвора сомнеж дека постојат случаи кои влијаат врз нивната душевна состојба. Кога некои лице се под ваква состојба, да не речеме стресна, тоа е опасно за народот и државата, бидејќи се работи за претседател на собрание и пратеници - членови во највисокиот законодавен орган во државата.

Да потсетиме, здравствените власти цело време со казни и апели повикуваат во интерес на здравјето да се седи дома а заразените од КОВИД-19 задолжително се ставаат во домашна или болничка изолација.  Спротивно на ова, вчера слушаме дека заразени од КОВИД-19 не мора да седат дома во изолација и можат слободно да се шетаат до и внатре во Собранието заради кворум.

Оттука, основано се појавува сомнежот дека кај Џафери и заразените пратеници постојат случаи кои влијаат врз психичката состојба и размислувањето да не може да ги сфатат дејствијата кои ги преземаат. Поточно, не може да распознаат што е интерес на граѓаните, бидејќи гледаме различно однесување за иста работа и притоа и во двата случаи се вели дека е во интерес на граѓаните.

Единствена Македонија смета дека е време за поведување на постапка за испитување на постоење на психички околности поради кои Џафери и заразени пратеници не може да го сфатат значењето на интересот на граѓаните што може да влијае на нивната спреченост да ја вршат функцијата.

Потребно е вештачење и дијагноза за Џафери и пратениците. Во спротивно, целата одговорност за непресметливите потези на Џафери и заразени пратеници во Собранието во иднина паѓа на марионетската власт во Скопје.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 19 април 2021

Медиуми:

Новости

А1 он

Скопје 1

Инфо

Македонски весник

Тајм

Грид

Дејли

Вести