Единствена Македонија: Скандал, марионетата Заев договори Албанци да добиваат државјанство со сведоци и сметки за струја и вода


13.04.2021 | 13:20:30 | Соопштенија


Единствена Македонија: Скандал, марионетата Заев договори Албанци да добиваат државјанство со сведоци и сметки за струја и вода

Единствена Македонија е згрозена од најновиот антимакедонски договор на марионетската влада со албанските партии околу законот за државјанство, според, кој, десетици илјади Албанци во државата ќе добијат државјанство со сведоци и покажување на сметки за струја и вода.

Зоран Заев договори исклучително олеснет пристап за стекнување на македонско државјанство на Албацните, а истовремено СДСМ под притисок на ДУИ во 2004 година го укина решението во законот со кое Македонци по потекло кои живеат надвор од границите на Република Македонија можеа да се стекнат со македонско државјанство без да исполнуваат никакви дополнителни услови.

Сега, со најновиот договор на Заев, за Албанците може исклучително лесен пристап да до  државјанство а за Македонците во светот не може, односно, Македоцните во странство добиваат државјанство по редовен пат со исполнување на дури 15 услови.

За Единствена Македонија нема дилема. Овој договор на Заев за државјанството е проект на антимакедонска основа, бидејќи, Македонија станува единствената земја во која едно малцинство во земјата полесно ќе стекнува државјанство од самите Македонци кои од сопствената матична држава се третираат како граѓани од втор ред во поглед на можноста за добивање на македонско државјанство.

Доколку овој договор на Заев помине во Собранието во услови кога за сите Македонци по потекло не важи олеснетиот пристап до државјанство, Македонија дефинитивно ќе послужи за потсмев на меѓународната сцена, а настрана опасноста по темелот на нацијата и државата.

Единствена Македонија ќе реагира на ова најнова антимакедонска провокација со поднесување во Собранието измени и дополнувања на законот за државјанство.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 13 април 2021

Скопје 1

Новости