Извршниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука да се подржи протестот на 25 април за слобода на уставобранителите осудени со лажен заштитен сведок


11.04.2021 | 12:34:06 | Соопштенија


Извршниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука да се подржи протестот на 25 април за слобода на уставобранителите осудени со лажен заштитен сведок

Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната седница донесе одлука да го подржи Семакедонскиот народен протест што ќе се одржи на 25 април за слобода на осудените лица за настаните од 27 април 2017 година. Собирот ќе биде без бини и говорници, само народот за подршка на неправедно осудените уставобранители со лажен заштитен сведок.

Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на уставобранителите кои се фрлени во затворските зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината. А што може да се очекува од една партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

За таа цел, Единствена Македонија поднесе во Собранието Предлог - закон за амнестија на граѓаните учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието, по скратена постапка, што го утврди на седницата на Извршниот комитет на Единствена Македонија, одржана на 13.02.2021 година. Но за жал, законот сеуште е закочен во собраниските фиоки и Македонија останува единствената држава во Европа кој во моментот има политички затвореници.

Извршниот комитет ја разгледа и политичко-економската и здравствената состојба во државата и притоа беше заклучено дека во Македонија владее безаконите, криминал корупција, непотизам, отсуство на институционален капацитет за справување со здравстената криза во која бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.

Во услови кога целата држава е во заложништво, потребно е час поскоро паѓање на марионетската влада и доаѓање на нова народна власт која ќе ја врати државата назад.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 11 април 2021