Одложувањето на пописот е голема победа на Македонците во земјата и странство и Националниот Блок „Не отворам врата“


31.03.2021 | 11:03:45 | Пописи


Одложувањето на пописот е голема победа на Македонците во земјата и странство и Националниот Блок „Не отворам врата“

Националниот Блок „Не отворам врата“ им честита на Македонците во земјата и странство на големиот успех во Битката за пописот против марионетската власт во Скопје која туркаше фалсификуван и живото-загрозувачки попис по секоја цена.

Задоволството кај Националниот Блок „Не отворам врата“ е големо, бидејќи, Македонците во земјата и странство масовно го прифатија нашиот план да не се попишуваат и на тој начин да го направиме пописот неуспешен, со што отвораме пат за реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.

Ги повикуваме Македонците да продолжат да го следат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“, кој во изминатите 40 дена секојдневно водеше кампања (средби со граѓани, пресови, изјави, соопштенија...). Остануваме на страната на народот и нема да дозволиме фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државата и живото-загрозувачки попис на штета на животот и здравјето на народот.

Првата фаза од битката е добиена. Пописот е одложен. Без оглед кога и да се одржи пописот, Националниот Блок „Не отворам врата“ продолжува со битката по секоја цена да создадеме услови за статистички попис во кој населението реално ќе се преброи.

 

Фотографија

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 31 март 2021