Единствена Македонија до Заев и Филипче: Пострашно од вашата неспособност да набавите вакцини е што сега донесовте сомнителна вакцина


29.03.2021 | 13:30:48 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев и Филипче: Пострашно од вашата неспособност да набавите вакцини е што сега донесовте сомнителна вакцина

Единствена Македонија ја повикува марионетската влада во Скопје својата неспособност да набави вакцини да не ја претвори во национална трагедија со голем број починати лица преку набавка на сомнителната вакцина „Астра Зенека“.

Свесни сме дека марионетската влада не може повеќе да го издржи судот на јавноста, која виде немање институционален капацитет на власта да набави вакцини.

Вчерашното пристигнување во Скопје на вакцината „Астра Зенека“ преку т.н. Ковакс механизмот е сомнително од најмалку две причини:

Прво, голем број земји во Европа и светот забранија употреба на вакцината „Астра Зенека“ поради катастрофални последици после нејзиното земање. Второ,  т.н Ковид механизам е некој систем на Светската здравстена организација, кој го добива бесплатно шкартот на вакцини за да им го дели на неспособни држави кои самите не може да се управуваат.

Квалитетните вакцини се добиваат или со билатерален договор со државите производители на вакцини или со директен договор со компании кои произведуваат вакцини според нивната профитна логика. Но, власта во Скопје без оглед што сме држава со сопствен буџет, не успеа дури и за пари да купи вакцини на светскиот пазар.

Единствена Македонија го повикува населението добро да размисли дали да се вакцинира со сомнителната вакцина „Астра Зенека“.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 29 март 2021

Медиуми: Скопје 1

А1 он

Македонски весник

Новости

Инфо

Грид

Дејли

Вести