Национален Блок „Не отворам врата“: Пописот е веќе неуспешен и веднаш да престане, во странство се попишува само едно малцинство од Македонија


25.03.2021 | 12:06:07 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Пописот е веќе неуспешен и веднаш да престане, во странство се попишува само едно малцинство   од Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ повикува ова лудило на власта по секоја цена да турка фалсификуван и живото-загрозувачки попис, да престане.

Веќе станува јасно дека на пописот што сега се одвива во странство се попишуваат само Албанци организирани од албански политичари во земјата.

Според најновите информации, Артан Груби договорил во Тирана ангажирање и на албанската шпионска служба да собира матични броеви на Албанци од Македонија во странство и да ги запишат во пописот.

Пописот стана еднонационален. Пописот мора да се одложи. Ги повикуваме нашинците во странство да продолжат да го следат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“, да го направиме пописот неуспешен.

Затоа сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што се отвора патот идната народна власт да направи реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, четврток, 25 март 2021 година

Медиуми:

Макфакс

Новости

Центар

Македонски весник

Утрински весник

Инфо

Скопје 1

Тајм

Грид

Вести