Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, Груби со Илир Мета и Еди Рама договара албанската шпионска служба да ги собере матичните броеви на Албанци од Македонија во странство


23.03.2021 | 11:45:46 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, Груби со Илир Мета и Еди Рама договара албанската шпионска служба да ги собере матичните броеви на Албанци од Македонија во странство

Националниот Блок „Не отворам врата“ ја прашува марионетската влада во Скопје дали знае дека нивниот вицепремиер Артан Груби на средбите со Еди Рама и Илир Мета договара ангажирање на албанската шпионска служба да ги собере матичните броеви на Албанци од Македонија во странство и да ги запишат во пописот.

Иако ова е во прилог на кампањата на Националниот Блок „Не отворам врата“ за непопишување на Македонците оти со попишувањето и на 100.000 и на 200.000 Албанци, никој нема да прифати попис дека нема Македонци во странство, сепак ја информираме јавноста за оваа активност на Груби која е безбедносно-интересна за Република Македонија и нејзината државна безбедност ако воопшто Македонија има безбедносна служба во интерес на народот и државата.

Да потсетиме, слична активност имаше и при фалсификување на пописот во 2002 година кога Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.  Според тогашниот закон, со пописот требаше да бидат вклучени и македонски државјани кои се во странство не подолго од една година. Но ШИК - тајната полиција на Албанија, во координација со албанските партии во Македонија, ќе овозможат масовно попишување и на Албанци кои повеќе од една година се надвор од земјата, откако претходно успешно ќе организираат масовно собирање и донесување на нивните пасоши во земјата кои беа покажувани од член на семејството во земјата.

Како резултат на таквото попишување, во 2002 беа добиени резултати надвор од секаква човечка логика. Споредбените податоци за периодот од претпоследниот попис од 1994 година, до последниот попис во 2002, значи за период од осум години, јасно го покажуваат фалсификуваниот попис од 2002. Така, од 86.615 лица колку што е зголемено населението во земјата за периодот 1994-2002, дури 67.979 се Албанци, а,  само 2.000 Македонци, и 16.636 од другите малцински групи. Од овие податоци произлегува дека во периодот 1994-2002, годишно се раѓале по 8.500 деца од албанска етничка припадност, а само 250 од македонска, или сооднос, на едно родено македонско дете се раѓале дури 34 албански деца, што е надвор од здравиот разум. Дотолку повеќе, како е можно при пописот во 2002 за разлика од пописот од 1994, да има пораст на населението во 99% од општините со албанско население, а во над 90% од општините со македонско население да има намалување од околу 10%. Или, на контигент од македонско население од околу 1.300.000 жители се презентира прираст за осум години од само 2.000 жители, а кај околу 300.000 албанско население пораст од 68.000 жители.

Но тогаш сите политички актери го признаа пописот. Затоа сега е потребно масовно непопишување и непризнавање на нелегитимниот попис кој ќе падне сам од себе, бидејќи, никој нема да прифати дека во Македонија и странство нема Македонци а има само Албанци, со што се отвора патот идната народна власт да направи реален и вистински. а не лажен и фалсификаторски попис.

Фотографија

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, вторник, 23 март 2021

Скопје 1

Македонски весник

Новости

Тајм

Грид