Национален Блок „Не отворам врата“ до нашите во странство: Продолжете да не се попишувате, заканата со казни е блефирање на власта оти нема казни


20.03.2021 | 13:42:57 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“ до нашите во странство: Продолжете да не се попишувате, заканата со казни е блефирање на власта оти нема казни

Националниот Блок „Не отворам врата“ изразува големо задоволство што нашите во странство масовно не се попишуваат . Власта е свесна дека пописот нема да успее и во очајнички обид води пропаганда за заплашување со казна затвор и прекршочни казни од 200 евра.

Заканата на власта со казни е најобично блефирање, бидејќи, прво, лажат за казна затвор оти според ниеден закон во Македонија непопишувањето не е предвидено како кривично дело, и второ, прекршочните казни од 200 евра не важат, бидејќи Македонија не може да поднесува прекршочни пријави во странски држави.

Ја користиме приликата да информираме дека прекршочните казни од 200 евра не се применливи и во Македонија според Законот за прекршоци, но, тоа ќе ќе го објасниме доколку започне пописот на 1 април и во Македонија.

Браќа Македонци и сестри Македонки во странство, продолжете да не се попишувате и не се плашите од казни бидејќи власта лаже, нема казни.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Фотографија

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, сабота, 20 март 2021

Македонски весник

Новости

Тајм

Грид