Национален Блок „Не отворам врата“: Извини Заев, морално е, овојпат македонскиот народ ќе победи


18.03.2021 | 12:45:26 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Извини Заев, морално е, овојпат македонскиот народ ќе победи

Националниот Блок „Не отворам врата“ изразува големо задоволство од денешното признание на директорот на Државнито завод за статистика дека излезноста на пописот во странство е многу мала со што нашинците во странство масовно го прифаќаат планот на Националниот Блок “Не отворам врата“ да не се попишуваат на пописот.

Националниот Блок „Не отворам врата“ сочуствува со непријатната ситуација во која сега е марионетската власт во Скопје, бидејќи многу брзо ќе треба да се прифати реалноста дека нашите во странство не сакаат да учествуваат на фалсификуван попис.

Заев извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека овој пат македонскиот народ ќе ве победи, што подразбира дека македонскиот народ не сака да учествува на фалисификуван попис и затоа нашите во странство масовно не се попишуваат, пописот нема да успее, со што се отвора пат за идната народна власт да направи вистински и реален, а не лажен и фалсификаторски попис.

Зоране, без оглед на фактот што претставувате силен противник со своите странски газди кои досега фрлија многу пари за уништување на македонскиот народ, овој пат сплотени како Македонци ќе ја добиеме битката за пописот поради нескршливиот аргумент: Македонците не сакаат да учествуваат на попис со кој Македонија дефинитно го губи темелот на државноста.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 18 март 2021

Скопје 1

Македонски весник

Новости

Тајм

Грид