Осудата на драконски парични казни за т.н. палење на бугарското знаме е најдолна сервилност на власта спрема јаничарите Каракачанов и Захариева


17.03.2021 | 13:49:22 | Соопштенија


Осудата на драконски парични казни за т.н. палење на бугарското знаме е најдолна сервилност на власта спрема јаничарите Каракачанов и Захариева

Единствена Македонија изразува згрозеност од најавата за осуда на тројца Македонци на парични казни од по 7.000 евра за палењето на карневалска маска со бугарското знаме на Вевчанскиот карневал со што бил повреден угледот на бугарската држава иако стануваше збор за уметнички перформанс кога на крај се палат сите маски во - 1.400 години долгата традиција на вевчанскиот карневал.

Марионетската власт во Скопје уште еднаш ја покажа својата сервилност и плашливост и намерата докрај да оди според принципот „ведење глава и скршена кичма“ во распродавањето на државните и националните интереси и подарувањето на историјата на Бугарија.

Денеска слушнавме за драконски парични казни, но, месеци наназад бугарски политичари, новинари, професори, историчари..., секојдневно вандалски го омаловажуваат и навредуваат македонскиот народ што е недозволиво според меѓународното право а од македонска страна целосен молк и без ниту еден демарш против анитцивилизациската и антимакедонската политика на соседна Бугарија.

За волја на вистината вандалското антимакедонско однесување од Бугарија е дело на македонските јаничари во Бугарија од типот на Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.

Марионетската власт во Скопје едно треба да знае. Државите колку и да се мали имаат свои основни државни интереси и црвени линии од кои не отстапуваат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 17 март 2021