Национален Блок „Не отворам врата“: Власта го губи компасот, ќе правела попис на бројка од 1.000 дневно заразени од коронавирусот


14.03.2021 | 12:43:40 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Власта го губи компасот, ќе правела попис на бројка од 1.000 дневно заразени од коронавирусот

Националниот Блок „Не отворам врата“ и честита на власта за рамнодушноста, но, не и завидува на глупоста. Власта се фали дека ќе спроведе безбеден попис со заштитни протоколи иако власта доживува целосен пораз и покажува дека нема институционален капацитет да се справи со здравствената криза.

Очигледно власта го губи компасот. Дневната бројка на новозаразени од вирусот надмина 1.000 случаи. Пандемијата се засили, бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.

Националниот Блок „Не отворам врата“ го повикува народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта дека ќе правела безбеден попис.

Доколу власта опстане на лудата идеја по секоја цена да турка фласификуван и живото-загрозувачки попис, во тој случај народот да не се попишува. Ја користиме приликата да ја информираме јавноста дека Македонците во странство масовно го прифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 1 март кога почна пописот во странство, од досега попишаните дури 90 отсто не се Македонци.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не Отворам Врата“
Скопје, недела, 14 март 2021

Македонски весник

Новости

Скопје 1

Тајм