Бачев до сите 120 пратеници: Талат Џафери ме извести дека ви го доставил нашиот закон за амнестија за 27 април, има ли сега храбар пратеник да го стави на дневен ред


08.03.2021 | 13:24:45 | Соопштенија


Бачев до сите 120 пратеници: Талат Џафери ме извести дека ви го доставил нашиот закон за амнестија за 27 април, има ли сега храбар пратеник да го стави на дневен ред

Обраќање, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 8 март 2021

Почитувани пратеници,-

-„Единствена Македонија на 17 февруари 2021 во Собранието поднесе предлог-закон за амнестија на граѓани учесници во настаните на 27 април 2017 во Собранието на Република Македонија, по скратена постапка.

Во својство на претседател на Единствена Македонија, Талат Џафери повратно ме информираше дека согласно Деловникот за работа на Собранието, предлог - законот е доставен до сите 120 пратеници. Инаку, станува збор за целосен законски текст кој сега е потребно да биде процесуиран од овластен предлагач на закони.

Сега се е во ваши раце како народни избраници. Според член 71 став 1 од Уставот на Република Македонија, право да предлага закон има секој пратеник. Значи секој од вас 120-те пратеници може да го стави законот на дневен ред..

Затоа, се обраќам до вас, било кој пратеник или пратеничка група да започне законодавна иницијатива во Собранието по предлог законот за амнестија. Со ваквиот чин ќе дојде и до своевидно помирување во земјата дотолку повеќе што во историјата на земјата е давана амнестија за лица кои учествувале во напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на државата, додека пак, сега се бара амнестија за активности на лица во одбраната на уставниот поредок откако непромислено политичката криза во која беше заглавена земјата од криминалниот се префрли на етничкиот терен со промовирањето на т.н. сеалбанска платформа за редефинирање на уставниот поредок на Република Македонија.

Лицата на 27 април во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Ова добива на тежина ако се знае дека на своевиден начин е потврдено при давањето на мандатот за состав на влада, бидејќи тогашниот претседател Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се осудени лицата за 27 април, со што и претседателот ја потврди општествената опасност.

Осудени се лица по петнаесетина години затвор. Зошто? Биле терористи. НЕ! Фрлени се во темните зандани на Идризово само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Очекувам од вас како народни избраници да бидете на висината на задачата, дотолку повеќе што во јавноста излегоа и доволно податоци дека лицата за настаните од 27 април се осудени врз основа на изјава на лажен заштитен сведок.

Ние во Единствена Македонија како вонпарламентарна партија можеже до тука. Има ли сега храбар пратеник во Собранието кој ќе го стави на дневен ред и усвојување законот за амнестија, со што, неправедно осудените лица за 27 април ќе си заминат дома кај своите семејства!? - потенцираше Бачев.

д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Скопје 1 Тајм Новости