Национален Блок „Не отворам врата“: Во првите седум дена имаме одличен резултат, Македонците во странство масовно не се попишуваат


07.03.2021 | 15:50:19 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Во првите седум дена имаме одличен резултат, Македонците во странство масовно не се попишуваат

Националниот Блок „Не отворам врата“ ја известува јавноста дека во првата недела од пописот во странство имаме одличен резултат.

Македонците во странство масовно го пифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 1 март кога почна пописот во странство, досега се попишани околу 20.000 лица од кои дури 90 отсто не се Македонци.

Браќа Македонци и сестри Македонки, продолжете со овој тренд и понатаму да не се попишувате. Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа Македонија дефинитивн го губи темелот на државноста, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати. Настрана фактот што  бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство и податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“ Скопје, недела, 7 март 2021

Скопје 1

Тајм Новости Грид