Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, податоците од пописот првин одат во Софија а после во Скопје - не се попишувајте


03.03.2021 | 13:18:14 | Пописи


Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, податоците  од пописот првин одат во Софија а после во Скопје - не се попишувајте

Националниот Блок „Не отворам врата“ македонскиот народ и државјаните на Република Македонија изразуваат силна шокираност од најновата информација дека бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство.

Ова е само по себе скандал бидејќи податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје. Ова е недозволиво и неприфатливо за суверена и самостојна Република Македонија а дотолку повеќе што со ова се загрозуваат и безбедносните интереси на државата.

Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.

Затоа Националниот Блок „Не отворам врата“ ги повикува нашинците во странство да не се попишуваат, а овој скандал е уште една потврда да не се излегува на пописот.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 3 март 2021 година

Скопје 1

Прес

24

Тајм

Грид