Единствена Македонија до Заев: Дали при приемот на вакцини од Србија, почуствува и малку срам што НАТО те остави на цедило и те тумба на првата кривина


14.02.2021 | 15:28:54 | Соопштенија


Единствена Македонија до Заев: Дали при приемот на вакцини од Србија, почуствува и малку срам што НАТО те остави на цедило и те тумба на првата кривина

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев дали денеска при примањето на вакцини од Србија почуствува барем малку непријатност и срам што неговите пријатели од НАТО го тумбаа на првата кривина и го оставија на цедило.

Власта на Зоран Заев покажа дека нема капацитет да се справи со здравствената криза, но, интересно е што НАТО-членките ја гледаа неспособноста на Заев да набави вакцини и притоа не му доделија ниту една вакцина.

НАТО не покажа солидарност спрема народот во Македонија со флагрантно кршење на Северно-Атланскиот договор од 1949 година, според кој фундаментално начело е солидарноста меѓу државите - членки на НАТО. 29 држави - членки на НАТО не покажаа минимум солидарност да и помогнат на Македонија.

Единствена Македонија цела година бара од владата да се обрати за помош од Кина и Русија, особено што овие земји секогаш помагаат во болка. Тоа е во нивниот национален карактер. Помошта е секогаш искрена и чесна. Но власта на Заев манифестираше преплашеност од своите газди во Брисел иако здравјето на народот не трпи политички калкулации.

Единствена Македонија во оваа прилика изразува голема благодарност до пријателскиот народ во Србија за искрената помош со вакцини за Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје. недела, 14 фебруари 2021 година

Медиуми: А1 он Скопје 1 Новости Инфо Тајм Грид Вести