Единствена Македонија: Продолжуваат привилегиите на Спасовски и врвот на МВР - по бесплатната храна добиваат и зголемена плата од 30 отсто


07.02.2021 | 13:21:21 | Соопштенија


Единствена Македонија: Продолжуваат привилегиите на Спасовски  и врвот на МВР - по бесплатната храна добиваат и зголемена плата од 30 отсто

Пред дава дена ја информиравме јавноста дека Оливер Спасовски, негови заменик Назим Буши, државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска и директорот за Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски со измени на интерни акти во МВР добиваат бесплатно јадење и пиење во специјалниот ресторан во министерската зграда во МВР. За разлика од нив, сите останати вработени во МВР како и сите вработени во државата сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време.

Но, ненародните привилеги на полицискиот врв продолжуваат. Спасовским, Буши, Несторовска и Тасевски имаат и статус на овластени службени лица во МВР за што добибата легитимација и пиштол  и со тоа им се зголемува платата за 30 отсто, односно ќе добиваат дополнително од 15.000 до 20.000 денари.

Спасовски и полицискиот врв кој се политички лица на привремена работа во МВР и кој работат кабинетски и политички се изедначени со професионалните оперативни работници во МВР кои имаат статус на овластени службени лица.

Оливер Спасовски и раководството во МВР без грам морал и срам продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници и маката и потта на народот. Во ова тешко време на здравствена криза, самопрогласената полициска елита добива зголемена плата и бесплатно јадење и пиење во текот на работното време.

Живееме во време на ненародни привилегии за врвот на МВР. Ова лудило мора да запре. Мора да се воспостави системот со чесни политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 7 февруари 2021

Скопје 1 Новости 1