Единствена Македонија: Спасовски и раководството во МВР го допреа дното - си обезбедија бесплатно јадење и пиење


05.02.2021 | 11:49:23 | Соопштенија


Единствена Македонија: Спасовски  и раководството во МВР го допреа дното - си обезбедија бесплатно јадење и пиење

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот заменик Назим Буши, државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот за Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го допреа дното.

Овие лица со најтесниот круг вработени во нивните кабинети си обезбедија бесплатно јадење и пиење во специјалниот ресторан во министерската зграда во МВР каде е сместена оваа самопрогласена полициска елита.

За разлика од нив, десетици илјади вработени во МВР вклучително и полицајците кои секојдневно на терен се соочуваат со големи предизвици и опасности, сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време.

Спасовски и полициската елита има плати од 65.000 до 80.000 илјади денари а полицајците околу 25.000 денари и наместо полицијаците да добиваат бесплатна храна во текот на работното време, бесплатно јадење и пиење добива врвот во МВР.

Оливер Сапсовски и раковдството во МВР без грам морал и срам продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници. Спасовски и поцискиот врв на грбот и потта на народот си обезбедува бесплатна храна. Барем да сработија нешто во интерес на државата и народот кога сведоци сме дека нивните активности  се на антимакедонска основа. Живееме во време кога МВР ги претвори Македонците во народ од втор ранг во сопствената држава.

Ова лудило мора да запре. Мора да се воспостави системот со чесни и честити политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 5 февруари 2021

Скопје 1