Единствена Македонија: Трагедија, Собранието не го смени Димитров кој се откажа дури и од татко му Димитар


04.02.2021 | 12:45:51 | Соопштенија


Единствена Македонија: Трагедија, Собранието не го смени Димитров кој се откажа дури и од татко му Димитар

Единствена Македонија, како и македонскиот народ, со неверување ја примија веста од Собранието дека не е прифатена интерпелацијата и разрешувањето на Никола Димитров поради неговото антимакедонско однесување со бришење на се што е македонско.

Оставањето на бугарашот Димитров и понатаму во владата стана црно петно на совеста на пратениците од власта и со ваквото однесување ги минираат основите на македонската држава и нација

Дури, Никола Димитров во Собранието глумеше лажен патриотизам иако со својот анимакедонизам и болната желба за власт се откажа дури и од татко му Димитар во походот да се избирше се што е македонско.

Да потсетиме, договорот за промена на името со кој се брише се што е македонско е голема трагедија не само за македонскиот народ и македонската држава, туку преставува голема лична трагедија и за самиот Никола Димитров.

Според Договорот за промена на името (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Макеоднија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија,  и сега според договорот тие - татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.

Единствена Македонија ќе го поништи договорот за промена на името кога и да се случи тоа, со што ќе му помогне и на Никола Димитров да биде свој на своето со татко му Димитар без оглед што Никола Димитров нанесе големо зло на Македонија и Македонците со потпишувањето на капитулантскиот преспаснки договор.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 4 февруари 2021