Бачев му пиша на Борисов: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Заев, Љубчо, Бучковски, Димитров, Малески и Шеќеринска


04.02.2021 | 15:44:20 | Соопштенија


Бачев му пиша на Борисов: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Заев, Љубчо, Бучковски, Димитров, Малески и  Шеќеринска
Писмо, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, четврток, 4 февруари 2021

Премиере Борисов,

Денешниот ден од 149 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е добар повод да се обратам до Вас и пријателскиот бугарско-татарски народ на кој вие гордо му припаѓате, со една фер понуда за надминување на недоразбирањето за Делчев.

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, подолго време водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, кој, целиот живот го посвети на Македонската револуционерна борба и создавањето на слободна и независна Македонија.

За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите туку од македонските јаничари во Бугарија како што се Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата и кои длабоко ги оптеретуваат македонско-бугарските односи.

На домашен терен во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на се што е македонско на Бугарија се сегашни и поранешни премиерски и министерски марионети: Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Денко Малески кои ја обезличуваат македонската држава, нација, јазик, историја и бришење на Македонците во Пиринска Македонија.

Затоа, Единствена Македонија, како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањето со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија трајно и за навек, а Гоце Делчев може да почива во мир.

Длабоко сум уверен дека Бугарија под вашето лидерство ќе ја прифати понудата.

Денешниот ден од 149 годишнината од раѓањето на Делчев е потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против антимакедонскиот походот на македонските јаничари во Бугарија.

Впрочем, не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учител а не идеолог и револуционер и со другите револуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.

Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско. Ние сме цврсто решени да истраеме во одбрана на остварениот идеал на Делчев – слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на еден цел народ.

За Единствена Македонија Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец. Никогаш нема да дозволиме Гоце повторно да биде предаден како што беше предаден и за време на животот.

Со искрена надеж за натамошно успешно развивање на македонско-бугарските односи, длабоко го ценам времето што ќе го употребите за разгледување на оваа фер понуда, со што Гоце Делчев ќе може да почива во мир – се вели во писмото на претседателот Бачев.

 д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија    

Новости

Скопје 1